Филипче: Не излегувајте од дома


Mинистерот за здравство Венко Филипче ги повика граѓаните да не излегуваат од дома ако немаат суштинска потреба бидејќи ситуацијата е сериозна.

„Состојбата е крајно сериозна, здравствениот систем е максимално мобилизиран да одговори на предизвикот. Да се заглагодарам на сите здравствени работници за натчовечките напори. Знам дека се преморени, но верувам дека ќе одговориме на овој огромен здравствен предизвик. Бараме поддршка од сите, од медиумите, од граѓаните. Колку и да е повторено, клучот во битката е доследно почитување на мерките“, рече Филипче, барајќи граѓаните да не излегуваат од дома ако немаат потреба.

Тој најави дека ќе биде зголемен капацитетот на тестирање од идната недела за плус 500 тестови на територијата на Скопје.

-Есенскиот бран освен во болниците, го зголеми притисокот кон пунктовите на тестирање. Минатата недела веќе го зголемивме капацитетот со 400-500 тестови. Сега ги вклучуваме и брзите тестови кои ќе се прават во пунктовите во Здравствениот дом и во болниците. Дополнителни шест пункта ќе работат во Скопје, односно дополнителни 500 термини ќе бидат на располагање само во Скопје – рече Филипче.