Сончево со мала до умерена облачност и слаб северен ветер, сообраќајот по суви коловози


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во претпладневните часови понекаде со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Во Скопје и уколината утрово со појава на магла и ниска облачност, а од пладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Преку ноќта ветерот намали и само се задржа умерен северен ветер на повисоко на североистокот. Понекаде и особено на западот и Повардарието се појави ниска облачност, а магла имаше во Струмичко и таа сега е послаба. Утрово на југозападот и на југоистокот преовладува сончево време.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, со умерен интензитетот на патните правци надвор од градските средини.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.