Од викендот стабилно и суво, со пониски утрински температури, некаде и под нулата


Фото: Б. Грданоски

Стабилно и суво време но со пониски утрински температури, каде наместа ќе се спуштат и под нулата, не очекуваат за време на викендот и почетокот на  наредната недела.

Од УХМР информираат дека од денеска следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури. Од недела ќе има услови за претпладневна магла по одделни котлини бидејќи ќе биде и претежно тивко наутро.

Утринската температура утре ќе се движи од минус два до шест степени, а дневната од 11 до 19 степени. Во недела утринската од минус четири до четири, дневната од 15 до 21, во понеделник утринската ќе биде од минус четири до пет, дневната од 15 до 20, во вторник утринската од минус три до шест и дневната од 14 до 19 степени, среда утринската од минус три до шест, со дневната температура од 11 до 18 и во четврток утринската ќе се движи од минус три до два, а дневната максималната од 10 до 17 степени