Групна изложба „Жените од светот низ историјата, жената симбол и инспирација“


Во рамките на културната понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, вечер во 19, 30 во Галерија  „КО-РА“ ќе биде отворена групната изложба „Жените од светот низ историјата, жената симбол и инспирација“. -Овој мултимедијален проект обединува повеќе уметности, кои се  во рамките на традиционалната групна  мултимедијална изложба со учество на повеќе уметници […]

Проекција на шпанскиот филм „Јас сум Невенка“ во Кинотеката


Амбасадата на Кралството Шпанија во Северна Македонија и Кинотеката на Македонија вечер од 20 часот организираат проекција на шпанскиот филм „Јас сум Невенка“, победник на Интернационалниот филмски фестивал во Сан Себастијан во 2024, во категоријата Euskadi Basque Country 2030.  Филмот е на режисерката Исијар Бољаин, инспириран од вистинска приказна од крајот на 20 и почетокот […]

Буџет од над 3,6 милиони денари за 24 проекти на Музеј Куманово


Националната установа Музеј Куманово годинава ќе реализира 24 проекти финансирани преку Годишната програма за проекти од национален интерес на Министерството за култура и туризам. Вкупниот буџет изнесува 3.630.114 денари, а најголем дел од средствата се наменети за музејската дејност и за одбележување на 25-годишниот јубилеј на археоастрономскиот локалитет Кокино. Директорката на установата, Марија Живачки, информираше […]

Режисерот Питер Џексон ќе добие почесна Златна палма во Кан


Kан – Канскиот филмски фестивал во 2026 година е во фокусот, Парк Чан-вук ќе биде претседател на жирито за натпреварување, а 9 април е одреден како официјален датум за објавување на годинешната програма. Иконскиот режисер, добитник на Оскар, Питер Џексон ќе ја добие почесната Златна палма на фестивалот „како признание за опус што ги спојува […]

Танцовата претстава  „F_AI_LLE“ го отвара Месецот на франкофонијата во Македонија


Францускиот институт во Скопје и Танц-Фест по повод отворањето на Месецот на франкофонијата и во знак на пред-отворање на Танц-Фест имаат чест да ве поканат на танцовиот спектакл „F_AI_LLE“ на француската танцова група K.Danse.  Претставата ќе биде изведена во вторник, 10 март 2026 година, во 20 часот, во Македонскиот народен театар.  Танцовата претстава „F_AI_LLE“ е истовремено и интерактивна инсталација што го истражува дијалогот помеѓу човечкото тело и вештачката интелигенција. На крстосницата помеѓу […]

Добитникот на Златна мечка на Берлинале предупредува на можна „цензура“ на германската влада


Берлин – Германско-турскиот режисер Илкер Чатак, чиј филм „Жолти букви“ неодамна ја освои Златната мечка на Берлинскиот филмски фестивал, ги коментираше препораките дадени од германското министерство за култура откако на шефицата на Берлинале, Триша Татл, ѝбеше загрозено местото. Татл годинава беше на удар откако овогодинешното издание на фестивалот прво беше засенето од критиките за молчењето […]

Промоција на романот „Порција бара спас“ од Христо Георгиев во КИЦ во Софија


Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер од 18.30 часот ќе биде промовиран романот „Порција бара спас“ од Христо Георгиев. КИЦ во Софија соопшти дека се работи за сатиричен научно-фантастичен роман напишан во 1965 година во Скопје, а објавен во 2025 година затоа што своевремено не добил одобрение за објавување од тогашните надлежни […]

Шелева со омаж за Тихомир Јанчовски: Тихо замина не само ненадејно, туку и – “недочитан”


На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, синоќа, пред преполна сала, во присуство на семејството, пријателите и колегите, се одржа комеморација во чест на поетот, писател, преведувач и издавач Тихомир Јанчовски. Ви го споделуваме обраќањето во целост на проф. д-р Елизабета Шелева, истакната литературна критичарка и теоретичарка, и универзитетска професорка на Општа и компаративна книжевност […]

„Тоска“ од Пучини со осмомартовски попуст на 6 март во НОБ


На 6 март во 19.30 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе ремек-делото „Тоска“ од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина. Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер“. НОБ најави 50 отсто попуст на билетите […]

Премиера на „Ова е само крајот на светот“  на 7 март во Драмски


 Директорот Роберт Вељановски, режисерката Теа Беговска и актерската екипа на денешната прес-конференција ја најавија премиерата на „Ова е само крајот на светот“ што ќе се игра на 7 март во 20 часот во Драмски театар. Режисерката Теа Беговска во своето обраќање се заблагодари за можноста да ја работи „Ова е само крајот на светот“ како […]

„Танец“ ја отвара новата концертна сезона – Велигденскиот концерт на 8 април во МНТ


Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“, ја најавува својата нова концертна сезона под моќното мото „Пулсот на предците, во ритамот на денешницата“. Оваа сезона „Танец“ продолжува да ја испишува живата историја на македонскиот фолклор, правејќи храбар чекор кон современите сценски текови, притоа задржувајќи ја изворната чистота на македонскиот код. Програмата ветува […]

МНТ со „Кец на десетка“ ќе ја отвори манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“


Со изведбата на „Кец на десетка“ на Македонскиот народен театар во Домот на културата Кичево, вечер свечено ќе биде отворена театарската програма на манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“. -Со хит претставата „Кец на десетка“, која неодамна јубилејно беше одиграна по 100-ти пат, Македонскиот народен театар ќе гостува во Домот на културата Кичево, на […]

„Тела за еднократна употреба“ – видеоинсталација на словенечката уметница Лара Рајхман


Во студиото „Приватен принт“ во Скопје вечер во 19 часот ќе биде отворена видеоинсталација „Тела за еднократна употреба“ на словенечката уметница Лара Рајхман. Поставката, која ќе биде отворена до 26 март, ќе биде проследена со уметнички разговор меѓу Лара Рајхман и Тиа Чичек, кураторка и истражувачка од Љубљана. „Тела за еднократна употреба“ ги преплетува историските […]

Академски портрет на Плевнеш во Софија


Во периодот од 28 февруари до 2 март, во Софија се одржа академски портрет на Јордан Плевнеш, писател со меѓународно реноме и претседател на универзитетот Еуропа Прима. Гостувањето на Плевнеш започна со учество во најпопуларната емисија на Бугарската Национална Телевизија БНТ, Панорама, кое предизвика широки реакции бидејќи, тој зборуваше на тема „Балканот како поле на Цивилизација […]

Tатл останува шефица на Берлинале откако го прифати „кодексот на однесување за антисемитизам“


Берлин – Шефицата на Берлинскиот филмски фестивал, Триша Татл останува на чело на Берлинскиот филмски фестивал, но ќе биде должна да се потчини на нови услови, вклучувајќи „кодекс на однесување“ со „табу за антисемитизам“, според извештаите во германските медиуми. Конзервативниот германски таблоид „Билд“, кој го предводеше барањето за отпуштање на Татл, објави дека германското Министерство […]

На Филолошкиот факултет комеморација за Тихомир Јанчовски


 На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ попладне во 18 часот ќе се одржи комеморација во чест на поетот, писател, преведувач и издавач Тихомир Јанчовски. Јанчовски (1967-2026) дипломирал општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во 1991 година, по што специјализирал во Будимпешта, на Катедрата за средновековни студии на Централноевропскиот универзитет. […]

Промоција на сликовница „Македонките во битка – вистински приказни“


Музејска едукативна сликовница „Македонките во битка – вистински приказни“, од авторките Ана Вишинова, музејски едукатор, и Даниела Митевска, кустос, ќе биде промовирана денеска напладне во Музејот на македонската борба за самостојност.  – Посветена е на македонските жени – ајдутки, комитки и партизанки, жени кои никогаш не биле пасивни набљудувачи на историјата, туку активни учесници во […]

Промоција на монографијата „Мојот пат“ посветена на доајенот на македонската балетска уметност, Антон (Тони) Баталаковски


Промоција на монографијата „Мојот пат“ – посветена на една од позначајните личности во историјата на македонскиот балет Антон (Тони) Баталаковски, ќе се одржи вечер со почеток во 19:00 часот, во фоајето на Националната опера и балет.  Автори на монографијата се др. Соња Здравкова-Џепароска и др. Александар Трајковски, која на сеопфатен и документарно вреден начин го […]

„Сила“ – концерт на Филхармонија со пијанистот Ендру фон Ојен по повод Денот на жената


Во четврток, во 20 часот, Македонската филхармонија ќе одржи концерт по Повод денот на жената, насловен „Сила“ кој ќе го води диригентката Ребека Тонг од Индонезија, а како солист ќе настапи пијанистот Ендру фон Ојен од Франција. На програмата се  „Павана“, оп. 50 од Габриел Форе, Концертот за пијано и оркестар бр.2 во ге-мол од […]

„Диџеј Ахмет“ ја воодушеви европската публика: Премиера на македонскиот филм во Брисел


Вчеравечер во „Синема галери“ во Брисел се одржа европската премиера на македонскиот игран филм „Диџеј Ахмет“, режисерското деби на Георги Унковски, настан што го привлече вниманието на претставници на европските институции, дипломати, филмски професионалци,  гости и љубители на седмата уметност. Пред почетокот на проекцијата, пред присутните се обрати министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој истакна дека прикажувањето на македонски филм во срцето на Европа претставува значаен […]