Киното „Милениум“ ќе се отвори во септември со помош на МАТТО
„Сакам да истакнам, ексклузивно, дека преку Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) се обезбедува проектот за Градското кино. Веќе сме во постапка. Имаме посебни средства од буџетот на Градот Скопје. Мислам дека е распишана тендерската постапка, ако не се лажам, или ќе биде во наредниве денови, за реконструкција на културни објекти. Еден од тие ќе биде и киното „Милениум“, кое што се надевам дека до септември ќе биде ставено во функција. Тоа е добар рок, ако земеме предвид дека години наназад не функционираше. Знаете дека таму имаше и несоодветни услови, дури и девијантни појави, посочи скопскиот градоначалник, Орце Ѓоргиевски, денес, како домаќин на градоначалниците од Кемниц (Германија), Горица (Италија) и Нова Горица (Словенија) . Заедно со Град Скопје реализираат низа активности посветени на размена на искуства поврзани со титулата европска престолнина на културата, која Скопје ќе ја носи во 2028 година.
Скопје ќе биде ставено на картата на европските градови на културата и ќе ужива во оваа улога
Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) ќе обезбеди проектор за киното Милениум во Скопје.
Киното во скопскиот ГТЦ е затворено и во мрак од 2 април 2025, кога на својата фејсбук страна објави дека поради технички причини нема да прикажува проекции во следниот период. Во Скопје кинопроекции има само во кината Синеплекс и Киноверзум, како и во Кинотеката на Македонија.
Дигиталниот ДЦП проектор беше купен во 2012, а престана да работи уште во 2023.