Книжевни настани во рамки на „Булевар Ослободување бр. 2026“


Неколку книжевни настани ќе се одржат во рамки на „Булевар Ослободување бр. 2026“, на 17 и 18 април, во организација на издавачката куќа „Булевар Ослободување“ од Скопје. 

Првиот од настаните е насловен „Отпор, бунт: ослободување на стихот“ и ќе опфати читање перформативна и слем поезија, со настап на дванаесет автори: Живко Грозданоски, Марија Грубор, Ива Дамјановски, Ѓоко Здравески, Александра Јуруковска, Владимир Лукаш, Матеј Петров, Елена Пренџова, Виктор Спасески, Игор Трпчески, Исток Улчар и гостинот Шји Чуан од Кина. Вториот настан, насловен „Ослободување на видиците“, ќе почне истата вечер во 20 часот, со разговор за културната размена помеѓу далечните народи. 

-На вториот ден е уредувачката работилница со Сеида Бегановиќ  и промоцијата на четирите изданија на „Булевар Ослободување“. Промоцијата ќе почне во 20 часот, а промотори на книгите ќе бидат Илина Јакимовска („Да сум на твое место“), Александар Станојков („Малага“), Билјана Дуковска („Булевар Ослободување бр. 10“ и Алек Маџаровски. Промоцијата на „Малага“ воедно ќе биде потсетување на ликот и делото на поетот Гого Ивановски, кому оваа година му се одбележуваат 101 година од раѓањето, соопшти организаторот. 

Настаните в петок и в сабота  ќе се одржат во „Буква“ на новата локација – на аголот помеѓу улицата „Рузвелтова“ и булеварот „Теодосиј Гологанов“. „Булевар Ослободување“ постои 12 години: од 2014 како блог, а од 2020 и како издавачка куќа.