Сара Пеканен со трилерот го освои Скопје: Редици читатели на Саем на книгата


Енергична и ведра, со постојана насмевка и исклучително топол и пријателски пристап, популарната американска авторка на психолошки трилери Сара Пеканен викендов се сретна со македонските читатели на штандот на издавачката куќа „Арс Ламина“, на Саемот на книгата. Во позитивна атмосфера во арената „Борис Трајковски“, каде љубителите на добриот трилер создадоа долги редици, Пеканен ја промовираше […]

Јон Вардар повторно во Африка


Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ продолжува со своето успешно меѓународно патување, овојпат со селекција на Фестивалот за анимирани филмови (ФФАА) во Абиџан, на Брегот на Слоновата Коска. Станува збор за еден од водечките фестивали за анимација во Западна Африка, чија цел е да ја развива и промовира анимациската индустрија на континентот, но и да донесе интернационални продукции […]

Мицкоски и Љутков во посета на објектот на Универзалната сала


Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска ќе го посетат објектот на Универзалната сала, каде што официјално ќе биде најавено продолжувањето на активностите за нејзина реконструкција. Во рамки на посетата ќе биде презентиран и проектот за реконструкција на ова култно место за скопјани. Предвидена е и обиколка на градилиштето, а […]

Одбележување на роденденот на Горан Стефановски утре во Дебар Маало


Кај спомен-клупата на Горан Стефановски во Дебар Маало утре попладне од 17 часот Општина Центар организира  одбележување на роденденот на големиот драмски автор. Домаќин на настанот ќе биде неговиот син, Игор Стефановски, кој ќе ги потсети присутните на родендените што ги славеле заедно, како и на неговиот живот, хумор, идеи и оставштина. Во рамки на […]

Ѕоф со Гоце Делчев пак ја собра скопската шема на Саемот на книгата


„Гоце Делчев: Љубов и смрт“ е роман што не бара да му верувате, туку да го издржите! Со вие зборови, пред многубројна урбана публика на штандот на „Арс-Ламина“  беше претставен новиот роман од популарниот автор и познат скопски лик  Зоран Спасов Ѕоф на Саемот на книгата во „Борис Трајковски“.  По романите за Тито и Сирма,  […]

Скопје- центар на европскиот танц


Со голема посетеност и долги аплаузи синоќа беа изведени пет претстави од кои две во рамки на „Денови на македонски кореографи“ во Националната опера и балет, една во Младинскиот културен центар и две во Македонскиот народен театар како дел од првата „Скопје танцов платформа“ на Танц Фест 2026. Овие претстави покрај домашната публика, ги видоа преку 40 професионалци […]

Сиљановска-Давкова го прими македонскиот претставник на Венециското биенале  


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими уметникот Велимир Жерновски и кураторот Тихомир Топузовски, во пресрет на нивното учество на 61. Биенале за уметност во Венеција.  На средбата беа разменети мислења за концептот и подготовките на македонскиот павилјон, како и за уметничкото решение со кое ќе се претставиме пред меѓународната публика, на настанот што со децении […]

МСУ и Велимир Жерновски го подготвуваат македонскиот проект за Венециското биенале


Проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ од реномираниот мултимедијален уметник Велимир Жерновски ќе ја претставува нашата земја на 61. Биенале за уметност во Венеција што ќе се одржи од 9 мај до 22 ноември 2026 година. Македонскиот национален павилјон ќе биде сместен на локацијата „Спацио Кастело 77“ на влезот во престижното Арсенале. Нашето претставување на […]

МАИ ги додели наградите меѓу два саема на книгата, автор на годината – Оливера Ќорвезироска


Оливера Ќорвезироска ја доби наградата „Автор на годината“ на Македонската асоцијација на издавачите (МАИ), која попладнево ги соопшти добитниците на наградите за периодот меѓу два саема на книгата. Ќорвезироска за романот „Три Марии“, издание на „Арс ламина“, ги доби сите три награди за проза во земјата за 2025 година: Рациновото признание, наградата „Стале Попов“ на […]

Оживува Самуиловата тврдина – ќе има амфитеатар и летна сцена за манифестации


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска, во рамки на работната посета на Охрид, заедно со директорот на Завод и музеј – Охрид, Горан Патчев изврши увид во состојбата на Самуиловата тврдина и ги презентираше активностите што ќе се реализираат со цел заштита и ревитализација на културното наследство. Министерот нагласи дека заштитата, промоцијата и презентацијата […]

Големите оперски ѕвезди Јахо и Кастроново ќе го отворат 66. Охридско лето


Со гала концерт под наслов „Љубов“ на 12. јули на Античкиот театар во Охрид  свечено ќе биде отворено 66.издание на фестивалот „Охридско лето“. Под диригентската палка на Марко Боеми од Италија а во придружба на оркестарот на Националната опера на РС Македонија ќе настапат  големата оперска дива Ермонела Јахо сопран од Албанија исветски реномираниот тенор […]

Туркије ја отвора својата најдолга културна сезона досега: Богата фестивалска програма низ 26 градови


Од утре па сѐ до средината на ноември Туркије ќе биде претворена во една голема и богата културна сцена. Бројни концерти, изложби, театарски претстави, но и разговори и работилници, ќе се одржуваат низ 26 градови на државата, во рамки на годинешното издание на Фестивалите на културната рута. Оваа манифестација е престижна членка на Европската асоцијација […]

Oтворање на 16. Младински пролетен салон


Традиционалната манифестација од областа на ликовната уметност – 16. Младински пролетен салон ќе биде отворен вечер во Националната галерија – Мултимедијален центар Мала станица. Овој проект е дел од програмата на Националната галерија во рамките на едукативното одделение за годинава, и е поддржан од Министерство за култура и туризам.  Темата за овогодинешниот Младински пролетен салон […]

Книжевна средба посветена на Ани Ерно во НУБ „Св. Климент Охридски”


Книжевна средба посветена на делото на Ани Ерно, значајна фигура на современата француска литература и добитничка на Нобеловата награда за литература во 2022 година, ќе се одржи денеска во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски” – Скопје. На отворањето на книжевната средба ќе се обратат директорот на Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски”, […]

Меги Џиленхал ќе претседава со жирито во Венеција


Венеција – Меги Џиленхал („Изгубената ќерка“, „Невестата!“, „Лудо срце“) ќе биде претседател на меѓународното жири на 83-от Меѓународен филмски фестивал во Венеција, кој ќе се одржи од 2 до 12 септември. Организаторите ја претставија американската режисерка, актерка, сценаристка и продуцентка како претседател на жирито, кое ќе одлучува за Златниот лав за најдобар филм и други […]

Во Загреб се случи „Дијалог преку бојата“ меѓу современи уметници од Македонија и Хрватска


Во Македонскиот Културно-информативен центар во Загреб синоќа свечено беше отворена изложбата „Дијалог преку бојата“, која обединува осум современи уметници од Македонија и Хрватска во заеднички уметнички проект, соопштуваат од Центарот. Изложбата ја отворила директорката на македонскиот КИЦ, Мими Ѓоргоска Илиевска која нагласила дека, „проектот „Дијалог преку бојата“ ја истакнува важноста на заедничкото претставување како креативен […]

Рокас оцени дека Скопје има уште многу работа пред себе како Европска престолнина на културата во 2028


Шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Михалис Рокас, денес, на конференцијата „Обликување на иднината на Скопје: Култура, урбани политики и одржливи европски градови“, одржана во рамки на „Скопје – европска престолнина на културата 2028“, во присуство на дипломатскиот кор на земјата и функционери од Матера, Подгорица, Торино, Валета, Инстанбул… истакна дека титулата европска […]

Почна Саемот на книгата под мотото „Отвори прозорец кон нови светови“


 Речиси 30.000 посетители, повеќе од 130 промоции на наслови, присуство на над 60 издавачки куќи – богата програма со специјални попусти, книжевни панели и интерактивни работилници, ќе понуди  38. Саем на книгата, кој почна денеска и ќе трае до 29 април. Саемот се одржува во арената „Борис Трајковски“ со мотото „Отвори прозорец кон нови светови“, […]

Драмски со „Болва в уво“ настапува на фестивалот РУТА во Тиват


Драмски со претставата „Болва в уво“ во режија на Синиша Евтимов гостува во Тиват, Црна Гора. Изведбата ќе се одржи вечерва  во 20 часот во Центарот за култура во Тиват, како дел од програмата на црногорскиот регионален театарски фестивал РУТА. Фестивалот го отвори директорот на Центарот за култура во Тиват, Горан Божовиќ, истакнувајќи дека учеството […]

Европа не е само политика — Европа е култура, идентитет и заедничко чувство на припадност, вели Љутков


„Ова е момент кога еден град се гледа себеси со нови очи и кога ја гради својата иднина преку културата. Ова е можност да создадеме нова приказна за Скопје — приказна на отвореност, соработка и заедништво. Ова не е проект на институциите. Ова е проект на луѓето. На сите нас“, истакна министерот за култура и […]