Потпишан Меморандум за културна соработка меѓу загрепскиот Музеј за уметности и занаети и НГ на Македонија


Вчера во македонскиот КИЦ во Загреб беше потпишан Меморандум за културна соработка меѓу Музејот за уметност и занаети во Загреб и Националната галерија на Република Македонија во Скопјe. Договорот го потпишаа директорот на Музејот во Загреб, Сањин Михелиќ, и директорот на Националната галерија на Македонија, Али Синани и програмскиот раководител и виш кустос Маја Крстевска. […]

Ќе се одржи „Отскочна даска #5“ ‒ поетско читање за млади, како преднастан на 6. Скопски поетски фестивал


Во петок, 3 април, од 20 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје ќе се одржи петтото издание на „Отскочна даска“, преднастан на Скопскиот поетски фестивал, наменет за млади поети. На настанот ќе настапат дванаесетмина млади поети и поетеси на возраст од 16 до 30 години. Имињата на учесниците се: Марија Алексовска, Вероника Димоска, Христијан Илиевски, […]

Недела на франкофонски филм во Кинотека


Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на земјите-членки на Меѓународната организација на Франкофонијата (Белгија, Грција, Швајцарија, Франција, Канада, Албанија и Романија) и со Кинотеката, и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм, којашто ќе се одржи од 30 март до 4 април 2026 година во Кинотеката на Северна Македонија.  Манифестацијата ќе […]

Април како филмска археологија во Кинотеката


Априлската програма на Кинотека на Македонија претставува внимателно куриран филмски мозаик во кој се преклопуваат историската меморија, авторската естетика и современите општествени дилеми. Овој репертоар не функционира само како календар на проекции, туку како концептуална мапа што го исцртува континуитетот и трансформацијата на македонската и европската кинематографија, од нејзините пионерски чекори до актуелните авторски изрази. […]

Драмски ќе потпише партнерство со „Дајнерс клуб“ и организира крводарителска акција по повод Светскиот ден на театарот


По повод 27 Март – Светскиот ден на театарот, Драмски театар Скопје ќе потпише Договор за покровителство со Дајнерс клуб интернатионал Мак АД Скопје, означувајќи почеток на ново партнерство во рамки на одбележувањето на 80-годишнината на театарот. Настанот се оценува како значаен чекор во унапредувањето на културната соработка и поддршката на театарската уметност, како и […]

„Мост што звучи“ – нова стихозбирка од Санде Стојчевски


 „Мост што звучи“ е насловена новата стихозбирка на поетот Санде Стојчевски, објавена од Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“ од Скопје во рамките на едицијата „Современа македонска поезија“. Поетската книга содржи 90 песни во четири циклуси: „Гласови“, „Одгласи“, „Кругови“ и „Самодива“ и есеј од Стојчевски насловен „Зрачењето и значењето на зборот“. Во рецензијата […]

Почнува меѓународниот фестивал за кларинети „Кларифест – Скопје 2026“


Од денеска до недела (29 март) ќе се одржува 8. Меѓународен фестивал за кларинети „Кларифест – Скопје 2026“, во организација на Здружението за култура и уметност „Артистико“ од Скопје, на кој годинава ќе има учесници од Полска и од Грција.  Фестивалот ќе почне вечер од 19.30 часот во  Салон 19:19 во КИЦ-Скопје, со концерт на […]

„Кој сум јас?“ – премиера на Театар Комедија


Претставата „Кој сум јас?“ на Митко Чешларов, во режија на Наташа Поплавска, вечер премиерно ќе биде изведена на сцената на Театар Комедија. Со оваа претстава, театарот ќе го одбележи 27 Март, Светскиот ден на театарот, како и својот 14-ти роденден. Во претставата играат: Благој Веселинов, Жаклина Стевковска, Жаклина Петровска, Ева Скендеровска, Матеа Јанковска, Едмонд Сотир, […]

Светски ден на театарот: Публиката не доаѓа да гледа совршенство, туку да препознае искреност и чиста вистина


Театарот е потреба од човечка природа. Не е важно местото, важна е идејата и суштината. Театарот не е филм. Тој е сега и овде, жив и право в очи. Отвора важни разговори и буди теми за кои мора и вреди отворено да се зборува, се вели во македонската порака по повод Светскиот ден на театарот […]

Љутков: Буџетот за култура е зголемен, за Законот за македонскиот јазик ќе се одржи јавна расправа


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска од собраниска говорница истакна дека Буџетот за култура се обезбедува од Владата, дека е зголемен и дека сега изнесува над четири милиони денари.  Одговарајќи на пратеничко прашање на Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ тој на нејзините обвинувања рече дека нема казнет вработен и во националните установи и […]

Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Ќе земат ли мартовска плата вработените во култура според колективен договор?


Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на собраниската седница за пратенички прашања упати остри критики до министерот за култура Зоран Љутков, обвинувајќи го за недоследности во одговорите, непознавање на документите што ги потпишува и непочитување на законските обврски. Нејзините три пратенички прашања се однесуваа на нетранспарентноста во работењето на Министерството, доцнењето и контрадикторностите во одговорите, како […]

Атила Клинче добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2026


Актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2026 година се доделува на Атила Клинче, (1958, Гостивар),  актер во пензија од Театар на народностите-Турска драма. Наградата се состои од плакета со ликот на Петре Прличко, паричен износ од 30.000 денари и цветен аранжман. Наградата на актерот Атила Клинче, ќе му биде врачена на пригодна свеченост […]

Хрватската публика ги виде „Архивските документи“ на Жанета Вангели: Изложба како културна дипломатија


Во македонскиот КИЦ во Загреб свечено беше отворена изложбата на македонската Национална галерија „Архивски документи“ на светски признатата македонска уметница Жанета Вангели.     Во присуство на македонскиот Амбасадор Н.Е. Драган Ѓурчевски и бројни гости – истакнати претставници на македонски и хрватски институции и организации во Загреб, претставници на дипломатскиот кор, многубројни Загрепчани, Македонци кои живеат, работат […]

„Рапсодија“ – концерт на Македонската филхармонија


 „Рапсодија“ е насловен концертот на Македонската филхармонија кој ќе се одржи вечер, на кој како солистка ќе настапи виолинстиката Ава Бахари од Шведска, а диригентка е Бар Авни од Израел. Како што информираат од Македонската филхармонија, на програмата се Симфониска поема „Златното вретено“, оп. 109 од Антонин Дврожак, Поема за виолина и оркестар, оп. 25 […]

Македонското трио „30 прсти“ со концерт во Истанбул


 Македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул го најавува концертот на македонското пијано трио „30 прсти“, кој ќе се одржи денеска во Ерменската католичка црква „Сурп Левон“ во Кадиќој, Истанбул. Триото „30 прсти“, составено од пијанистите Марија Вршкова, Весна Ангелова Христов и Петар Макариевски, е прв и единствен состав од ваков тип во Македонија. Триото е основано […]

Австриска вечер на камерна музика во Македонската опера и балет


Под покровителство на Амбасадата на Австрија во Скопје вечер во фоајето на Македонската опера и балет ќе се одржи Австриска вечер на камерна музика. -Замислете ноќ исполнета со елеганција, мир и врвна уметност. Моцарт, Хајдн и Шуберт се композитори чие творештво не старее, туку од година в година се продлабочува и ја зголемува својата вредност. […]

Драган Даутовски стана дописен член на МАНУ: Пригодна реч на академик Влада Урошевиќ


Познатиот етномузичар, композитор и педагог, музиколошки експерт кој мајсторски свири на повеќе од 20 народни инструменти, Драган Даутовски (1957, Русиново) е избран за дописен член во работниот состав на МАНУ на 21. Изборно собрание на Академијата за избор на членови на МАНУ во работниот состав (редовни и дописни), на членови надвор од работниот состав и […]

„Важна е културата“ – Халкбанка АД Скопје главен годишен партнер на МНТ


Халкбанка АД Скопје ќе биде главен годишен партнер на Македонскиот народен театар. Договорот за годишно покровителство, со мото „Важна е културата”, денеска во МНТ го потпишаа Фатих Шахбаз, главен извршен диектор на Халкбанка АД Скопје, и Никола Кимовски, генерален директор на Македонскиот народен театар. Покрај директна финансиска поддршка за активностите на МНТ, соработката предвидува и […]

„Мамутите“, новиот документарец на Котевска, доби пари од Институтот Санденс


Новиот документарен филм на режисерката Тамара Котевска – „Мамутите“ (The Mammoths that Escaped the Kingdom of Erlik Khan), копродукциски проект меѓу Данска, Македонија, Обединетото Кралство и Португалија,  е меѓу добитниците на Sandbox Fund на Sundance Institute за 2026 година. – Sundance Institute преку Sandbox Fund поддржува иновативни документарни филмови на пресекот помеѓу науката и раскажувањето, […]

„Видик“ – во Дајмонд мол почнува третото издание на Фестивалот за литература и општа култура 


Со промоција на книгата „Филмот и пропагандата во дигиталната ера“ од Сашо Кокаланов, вечерва (25 март), во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“, во „Дајмонд мол“, почнува третото издание на Фестивалот за литература и општа култура „Видик“. Промотори на книгата, која е во издание на „Арс Ламина“, ќе бидат Елеонора Венинова, Владимир Блажевски и Отец Пимен, […]