„Виенска фантазија“ – концерт на Филхармонијата со виолинистот Шкељзен Доли од Албанија
Оркестарот на Филхармонијата вечер од 20 часот ќе одржи концерт насловен „Виенска фантазија“ на кој како солист ќе настапи виолинистот Шкељзен Доли од Албанија, а диригент е Михаил Мачиашчек од Полска.
На програмата се „Четири годишни времиња“ од Антонио Вивалди и Симфонија бр. 40 во ге-мол од Вофганг Амадеус Моцарт.
Концертот се реализира во соработка со фестивалот „Сцена на Албанската сериозна музика”.