Ученици од Лескоец ќе го слават раѓањето на Ванчо Николески


Во пресрет на 114 годишнината од раѓањето на познатиот македонски романсиер, раскажувач и поет Ванчо Николески утре – четврток, библиотекари од НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе гостуваат во ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец.

На учениците ќе им бидат презентирани интересни факти сврзани со животот и делото на Ванчо Николески кој е роден 1912 во селото Црвена Вода а починал во април 1980 година во Охрид.

Годинава се одбележуваат 80 години од излегувањето од печат на првата стихозбирка за деца на македонски јазик МАКЕДОНЧЕ чиј автор е токму Николески. Издавач е Државното книгоиздателство на Македонија во 1946 година а печатена е во првата официјална македонска печатница „Гоце Делчев“ во Скопје. Насловната страница на книгата и цртежите во боја се дело
на уметникот Василије Поповиќ – Цицо.

Збирката песни за деца „Македонче“ од Ванчо Николески е официјално првата дигитализирана книга во новото одделение за дигитализација на Библиотеката од Охрид.

Учениците од Лескоец утре ќе ја слушната аудио адаптацијата на поемата за деца МИЦЕ од Ванчо Николески.