Една ноќ под ѕвездите: „Танец“ и „Ладо“ со заеднички концерти во Битола и Скопје


Македонскиот национален ансамбл за народни игри и песни „Танец“ и Хрватскиот национален ансамбл „Ладо“, двата столба на балканскиот и светскиот фолклорен мелос, најавуваат незаборавно културно доживување за домашната публика. Под магичниот наслов „Една ноќ под ѕвездите“, овие два реномирани ансамбли ќе одржат два ексклузивни заеднички концерти кои ветуваат врвно уметничко доживување, спојувајќи ги традицијата, моќниот вокал и безвременската игра на двете земји.

Спектаклот ќе се одржи на две локации:

  • 8 Јули- Антички локалитет Хераклеја, Битола
  • 10 Јули- Национална опера и балет (НОБ), Скопје.

Ритамот на Македонија и срцето на Хрватска

Повеќе од седум децении „Танец“ и „Ладо“, важат за чувари на идентитетот и амбасадори на културното богатство на своите земји. Овие концерти не се само обичен настап, туку дијалог меѓу македонскиот незапирлив ритам и моќните хрватски повеќегласни напеви и кореографии. Врвните играчи и музичари, облечени во автентични, колоритни народни носии, ќе понудат програма која го одзема здивот и ги спојува двете култури во една нераскинлива врска.

„’Една ноќ под ѕвездите‘ е повеќе од концерт – тоа е славење на пријателството, заедничкото минато и уметноста која не познава граници. Сцените во Битола и Скопје ќе го зафатат најубавиот бран на фолклорната енергија на Балканот“.

Ова е ретка можност да се видат двата најголеми професионални ансамбл на една сцена. Локациите се специјално избрани да понудат неповторлива летна атмосфера- под отворено небо и ѕвезди во Битола-Хераклеја и прекрасниот амбиент на магичната сцена на Националната опера и балет-Скопје. Концерт во кој секој чекор и секој тон носат вековна приказна.

Билетите се веќе во продажба на kupikarta.com