Свечен концерт на студентите на Факултетот за музичка уметност Скопје


Во чест на значајниот јубилеј – 60 години постоење на Факултетот за музичка уметност Скопје, во рамките на концертната серија „ФМУ – 60 години“, ќе се одржи свечен концерт на студентите од овој факултет.

-Овој значаен културен настан се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам и под покровителство на Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова, потврдувајќи ја важноста на музичката уметност, образованието и негувањето на културните вредности, информираат од ФМУ.

Концертот ќе се одржи во салата на Музејот на македонската борба за самостојност – Скопје, со почеток во 20:00 часот, каде, како што велат од ФМУ, публиката ќе има можност да ужива во внимателно подготвена музичка програма во изведба на младите уметници – студентите на Факултетот, кои преку својот талент, посветеност и уметнички израз го продолжуваат богатото музичко наследство на институцијата.