„Младите доаѓаат“ – концерт на учениците од државите музички училишта
Под диригентската палка на Бисера Чадловска денеска ќе се одржи традиционалниот концерт со учениците од државните музички училишта. На концертот насловен „Младите доаѓаат“ ќе бидат изведени дела од Моцарт, Хајдн, Роули, Бернштајн, Елгар, Крепен, Капуци и Итуралде.
Ќе настапат Софија Михајловска – пијано ДМУ Битола (III година во класата на проф. Маја Божиновска), Јане Петровски – пијано ДМУ Битола (VIII одд. во класата на проф. Јана Четелева Белевска), Ива Амелија Микулчиќ – пијано ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје (V одд. во класата на проф. Билјана П. Таковска) Јана Јованова – пијано ДМУЦ Штип, Ева Малиновска – виолончело ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје (II година во класата на проф. Маре Видевска), Јована Јанкуловска и Деница Дена Симјаноска – соло пеење ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје (II и IV година во класите на: м-р Наташа Еленова и м-р Гонца Богоромова Краповски), Ада Богоевска – виолончело ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје (II година во класата на проф. Александра Јаневска), Леонид Ржаникоски – саксофон ДМУ Битола (III година во класата на проф. Горан Трајковски), Матеј Зимбаков – контрабас ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје (I година во класата на проф. Дејан Митровиќ), Александар Ицковски – виолончело ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје (IV година во класата на проф. Александра Јаневска) и Стефан Трајановски – саксофон ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје (I година во класата на проф. Владимир Трајановски).