Завршна годишна изложба на студентите од Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје
Во кампусот Педагошка вечерва и на 5 јуни во Сули ан, со почеток во 20 часот ќе се одржи 46. Завршна годишна изложба на студентите на Факултетот за ликовни уметности за академската 2025/2026 година.
Како што информираат од ФЛУ, пред публиката ќе бидат претставени дела на студентите од сите студиски програми на Факултетот за ликовни уметности, создадени во текот на академската 2025/2026 година. Изложбите претставуваат увид во актуелните творечки практики на младите уметници и нивниот развој во различни медиуми и дисциплини.
Во рамки на свеченото отворање ќе бидат доделени и награди на најуспешните студенти.
По официјалниот дел од програмата ќе следува музичка програма со настап на диџеј Modem Priest и музучките бендовите Персеида, Калина Александар.