Одложено рочиштето за Ел Чека, одбраната бара изземање на судијката Кижевска


Денешното судско рочиште за Шекерим Ахмети, познат како Ел Чека, што се води во Судот во Кичево е одложено, бидејќи неговата одбрана побара да се изземе судијката Билјана Кижевска поради нетранспарентност и пристрасност во постапката. Пред да почне судењето, судијката Кижевска рече дека на денешното рочиште ќе има само завршни зборови, а пресудата ќе биде …

Одложено рочиштето за Ел Чека, одбраната бара изземање на судијката Кижевска Read More »

И по пет години никако да почне судењето за хеликоптерската несреќа кај Струмица


Судењето за урнувањето на полицискиот хеликоптер пред повеќе од пет години во близина на Струмица, кое требаше да почне денес, е одложено за 29 ноември, а причината е неможноста на почетокот на главната расправа да присуствува адвокатот на првообвинетата, Јулијана Спировска, тогашна директорка на ЈП „Македонска радиодифузија“. Тоа го констатираше судечката судијка, Цона Калемерникова, која …

И по пет години никако да почне судењето за хеликоптерската несреќа кај Струмица Read More »

Прегазил пешаци, па избегал


  Во неделата, во 18.40 часот на бул.„Кочо Рацин“, пред крстосницата со ул.„Мирче Ацев“ во Скопје, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(48) од Скопје, удрило во пешаците А.З.(22) и С.Т.(21), двете од Скопје. А.П. со возилото го напуштил местото на несреќата, но подоцна сам се пријавил во полициска станица. Во незгодата, …

Прегазил пешаци, па избегал Read More »

Албанската полиција заплени 142 канти со сирење шверцувани од Македонија


Албанија– Албанската полиција во заедничка акција со припадници на Секторот за стопански и финансиски криминал при Полицискиот комесаријат во Елбасан, заплени канти со сирење прошверцувани од Македонија. Станува збор за 142 канти со сирење, но не се наведува вкупната тежина на запленетата стока. Шверцуваната стока била откриена на патниот правец Либражд – Елбасан, при контрола …

Албанската полиција заплени 142 канти со сирење шверцувани од Македонија Read More »

Се зголемува бројот на грабежи во Чаир, граѓаните вознемирени


Кражбите во Чаир се негативен феномен што не престанува. Граѓаните од оваа населба се загрижени и не наоѓаат утеха на местото каде што живеат. Речиси сите балкони што се на приземје и први кат се оградени со решетки. Едно од местата кое е најмногу загрозено е и населбата Скопје-Север. Саид Јусуфи од оваа населба има …

Се зголемува бројот на грабежи во Чаир, граѓаните вознемирени Read More »

Казнети 19 пијани возачи и 34 за пречекорување на брзината


Поради пречекорена брзина на движење со моторно возило, полицијата санкционирала 34 возачи на подрачјето на Скопје во акциската контрола спроведена од  Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР вчера од 6 до 24 часот. Како што информира МВР, откриени се и 42 останати прекршока за кои се издадени 16 мандатни платни налози и 26 прекршочни …

Казнети 19 пијани возачи и 34 за пречекорување на брзината Read More »

Побаран притвор за лице кое чувало рачна бомба во Арачиново


Обвинителството побара притвор за лице од скопско Арачиново, откако завчера при претрес на неговиот дом во фиока во плакар во шупата била пронајдена рачна бомба. -Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 2 …

Побаран притвор за лице кое чувало рачна бомба во Арачиново Read More »

Некој го оштетил скопскиот Аквадукт


Непознат сторител извршил оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што биле оштетени 10 потпорни носечки столбови. Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера околу 11 часот во СВР Скопје, од страна на директорот на Конзерваторскиот центар – Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Судењето за „Титаник 3“ продолжува на 18 ноември


Судењето за уништување изборен материјал на локалните избори во 2013 година „Титаник 3“ продолжува на 18 ноември, откако на денешното рочиште исказ даваше обвинетиот Исмет Гури. За следното рочиште, Судот даде наредба да се обезбеди сведок, за кого сега има пријавено адреса во Германија, па доколку не може да се обезбеди негово лично присуство да …

Судењето за „Титаник 3“ продолжува на 18 ноември Read More »

Судењето за „Траекторија“ продолжува на 13 ноември


Судењето за постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, „Траекторија“ продолжува на 13 ноември. Случајот го води судијата Горан Бошевски, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова. На денешното рочиште беше сослушано вешто лице, кое што одговараше на прашања на одбраната за неговото вештачење изработено 2016 …

Судењето за „Траекторија“ продолжува на 13 ноември Read More »

Оштетените од автобуската несреќа кај Ласкарци се приклучија на кривичен прогон


Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци продолжува на 31 октомври, откако на денешното рочиште се произнесуваа правните застапници на дел од оштетените, повеќето претставници на семејствата на починатите патници. Поголем дел од нив се изјаснија дека се приклучуваат на кривичниот прогон, додека сите пред Судот најавија имотно – правно побарување во граѓанска постапка. Случајот го …

Оштетените од автобуската несреќа кај Ласкарци се приклучија на кривичен прогон Read More »

Обвинение за 29-годишен скопјанец кој украл возило и нападнал полицајци


 По спроведување на истражната постапка, надлежен јавен обвинител до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 29-годишен скопјанец, кој се товари дека сторило кривични дела  – тешка кражба и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. -Обвинетиот 29-годишен скопјанец делата ги сторил на 21 јули, кога забележал две лица, оштетениот и неговата …

Обвинение за 29-годишен скопјанец кој украл возило и нападнал полицајци Read More »

Две лица под истрага за разбојништво во спортска обложувалница во Скопје


Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – разбојништво на 9 октомври во спортска обложувалница во Скопје. -Осомничените, по претходен договор, на 9 октомври влегле во објект на спортска обложувалница на улица „Зеничка“ во Скопје и се заканиле дека ќе нападнат врз …

Две лица под истрага за разбојништво во спортска обложувалница во Скопје Read More »

Тешко повреден градежен работник во Гостивар


Работник на возраст од 40 години од село Градец вчера бил донесен во болницата во Гостивар, откако се повредил додека извршувал градежни работи на куќа на ул.„ЈНА“ во Гостивар. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар и инспектор за труд и заштита при работа. Се работи на расчистување на случајот.

Нови рочишта за „Ласкарци“, „Титаник 3“, „Траекторија“ и повторената постапка за „Триста“


Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска се закажани рочишта за случаите „Ласкарци“, „Титаник 3“, „Траекторија“ и повторената постапка за „Триста“. Случајот за автобуската несреќа кај Ласкарци го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски. За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото …

Нови рочишта за „Ласкарци“, „Титаник 3“, „Траекторија“ и повторената постапка за „Триста“ Read More »

Кочани: Синот го избол татка си до смрт, полицијата го расчисти убиството


Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го пробол татка си во градите по што тој починал. Настанот се случи на 30 септември околу 5 часот во куќа на улицата Климент Охридски во Кочани. Според информациите на МВР, Д. С. (30) со нож му …

Кочани: Синот го избол татка си до смрт, полицијата го расчисти убиството Read More »

Двајца потешко и девет полесно повредени во сообраќајки во Скопје


Возач на мопед и еден сопатник на мопед се здобиле со тешки телесни повреди, а девет лица со лесни телесни повреди во шест од вкупно десет сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета. Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила …

Двајца потешко и девет полесно повредени во сообраќајки во Скопје Read More »

Ново рочиште за „Титаник“


Во Основниот кривичен суд Скопје за денеска е закажано ново рочиште за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“, што од СЈО го презеде во надлежност и натамошно постапување Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Случајот „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова. Се изведуваат …

Ново рочиште за „Титаник“ Read More »

Судењето за насилствата пред Општина Центар продолжува на 18 ноември


Судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година продолжува на 18 ноември откако денеска постапката почна одново поради истек на 90 дена од одржување на последното рочиште. За следното рочиште повикан е како сведок технички советник на одбраната. Случајот го води судијата Душко Јосифовски, а застапник на обвинението е Фатиме Фетаи. Поради економичност …

Судењето за насилствата пред Општина Центар продолжува на 18 ноември Read More »

Убиецот на Мартин се предал сам, се криел и во Србија


Скопјанецот Филип Секуловски од неделата не е на листата на бегалци на Министерството за внатрешни работи. Полицијата соопшти дека 25-годишното момче е приведено и пренесено во истражниот затвор „Скопје“. Осомничениот за убиството на фудбалерот Мартин Јанушев, извршено пред речиси две години во населбата Аеродром, се предал сам. Не се знае што го мотивирало конечно да …

Убиецот на Мартин се предал сам, се криел и во Србија Read More »