Ексградоначалникот на Кочани ѝ доделувал грантови на снаата


Поранешниот градоначалник на општина Кочани, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ратко Димитровски (62) заработи кривична пријава. Како што информира полицијата, тој ја злоупотребил функцијата градоначалник и склучувал договори со неговата снаа за грантови што ги доделува прогрмата „Еразмус+“. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани има основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ […]

Украдена биста на Кузман Јосифовски – Питу


Во дворот на основното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје е украдена бистата. Како што информираше полицијата непознат сторител извршил кражба на бистата на Кузман Јосифовски-Питу, висока околу 80 сантиметри. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Пожар во магацински простор во Кавадарци, нема повредени


Нема поврдени во пожарот што доцна синоќа избувна во магацински простор во Кавадарци, за МИА денеска потврди Илчо Богевски, командир на кавадаречката Територијална противпожарна единица. -Изгоре дел од магацинот, но спречивме пламените јазици да ги зафатат околните објекти. Ризикот за такво нешто беше голем, бидејќи во магацинот имаше дрва и буриња со лесно запалива течност, […]

Во Кавадарци сообраќајно воспитна акција ,,Да ги заштитиме децата во сообраќајот


Сообраќајно воспитна акција насловена „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“  беше реализирана денеска за децата во градинката “Рада Поцева” во Кавадарци, од страна на инспектори од отсекот за превенција при кавадаречката полиција. – Опфатени беа дечињата од големите групи во организациските единици “Снежана” и “Гроздоберче”. Со децата беа разработени основните сообраќајни правила и прописи, а […]

Во Крива Паланка собрани 90 единици крв


На денешната крводарителска акција која се одржа во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“, Крива Паланка, собрани се вкупно 90 крвни единици. Акцијата ја реализира Општинска организација на Црвен Крас, Крива Паланка во соработка со Институт за трансфузиона медицина, Скопје. – Ова е прва крводарителска акција месецов, но и прва од вкупно шесте од почетокот на […]

Двајца Јапонци ограбени кај Катланово


Двајца Јапонци се ограбени вчера додека со велосипеди се движеле на локалниот пат од село Катланово кон село Брезница, соопшти МВР. Во СВР-Скопје вчера околу15:00 часот е пријавено дека на локалниот пат од Катланово кон Брезница на Јапонците Ш.К.(54) и Х.К (48), кои се движеле со велосипеди им се приближило патничко моторно возило „Форд“. Три […]

Полициска контрола – казни за 11 пијани возачи и 88 за брзо возење


Полицијата во акциска контрола спроведена синоќа на територија на Скопје пронашла 88 возачи кои ја пречекориле брзината на движење и на 11 возачи кои управувале под дејство на алкохол. Министерството за внатрешни работи информира дека  во периодот од 15:00 до 23:00 часот, на подрачјето на главниот град спроведе зајакната акциска контрола по однос на прекршоците за […]

Тепачка по недоразбирање во сообраќајот на „Приштинска“ во Скопје


Четириесет и седумгодишен скопјанец вчера бил нападнат од група од околу 10 лица на ул. „Приштинска“ во Скопје поради недоразбирање во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа во 22.10 часот во Полициската станица Чаир, Т.А. (47) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 22,00 часот на улицата „Приштинска“ физички бил нападнат од група […]

Тетовчанка пробала да шверцува хероин


На триесет и тригодишна тетовчанка и е одреден триесетдневен притвор, бидејќи на 30 април годинава се обидела да внесе наркотична дрога хероин на граничниот премин Табановце, при влез во Македонија. – Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Царинската управа на Република Македонија, започна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично […]

Двајца старци измамени и ограбени


Двајца старци биле измамени од страна на две лица при што им биле одземени 9.000 и 8.000 денари, информира денеска МВР. Во првиот случај скопјанката Е.К.Ф.(76) во СВР Скопје пријавила дека на булеварот „Јане Сандански“ во парк, додека седела на клупа и пришло лице на возраст околу 22-24 години и и рекло дека парите кои […]

Физички нападнато 12-годишно момче во Скопје


Четири непознати малолетни лица синоќа околу 19 часот физички нападнале 12-годишно момче на улицата „Македонски војски“ во Скопје. Како што информира МВР, случајот синоќа во 21:40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров го пријавила А.Т.(42), мајка на нападнатото момче. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопјанец каснат од куче скитник


Скопјанецот Ф.Ѓ.(65) вчера околу 11 часот на на булеварот „Трета македонска бригада“ бил нападнат и каснат од куче скитник на десната нога. Како што информира денеска МВР, по нападот, Ф.Ѓ. се упатил во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде бил примен и му била санирана повредата, по што бил пуштен на домашно лекување. Ф.Ѓ. синоќа, […]

Двајца мажи пропаднале во провалија во Струмичко


Двајца мажи се повредени по пад во провалија на трим патеката што води од градот кон манастирот „Свети Илија“. Несреќата се случила доцна попладне вчера, а при падот едниот е полесно повреден, а вториот потешко. Според очевидци, првиот по падот успеал да се задржи на едно дрво во провалијата на само 4 метри од патеката, […]

Поранешни зависници се жалат на третманот и понижувачки здравствени услуги


Добив телефонски повик од полициска станица, ме повикаа на разговор бидејќи сум бил осомничен за разбојништво, посочив дека сум на работа и дека откако ќе ми заврши смената ќе дојдам во станицата. По само половина час дојдоа полицајци на местото каде што работев, разговараа со мојот работодавач и пред сите на груб начин ме приведоа, […]

Изгаснат пожарот на градската депонија во Кочани


Изгаснат е огнот што викендов ја зафати градската депонија на Кочани, лоцирана на околу три километри на патот кон Пониква. Екипи од Територијалната противпожарна единица и од комуналното претпријатие „Водовод“ употребиле поголеми количини земја за да го задушат огнот за кој има основани сомневања дека бил подметнат. – Забележано е дека пожарот го предизвикале лица […]

Жена погодена од заталкан куршум во Клинички центар


Педесет и шестгодишна жена вчера пријавила дека додека седела на клупа во Клиничкиот центар во Скопје во раката ја удрило заталкано зрно односно проектил, соопшти полицијата. Како што се наведува во соопштението од МВР, вчера Р.А.(56) од Скопје, пријавила дека околу 16:20 часот во комплексот клиники „Мајка Тереза”, додека седела на клупа, во десната рака ја […]

Шестмина приведени поради тепачка во кабаре во Охрид


Полицијата синоќа привела шест лица кои предизвикале тепачка во кабаре во Охрид. Инцидентот се случил околу два часот по полноќ во кабаре лоцирано на улицата „Железничка“ во Охрид. На тепачката и претходела вербална расправија што потоа преминала во физичка пресметка во која учествувале И.Ј.(34) од Охрид од една и И.М.(31) од селото Белчишта, Н.М. од […]

Се трага по 15-годишно девојче


Вчера во 13:45 часот во Полициско одделение Камењане, А.С.(20) од с.Г.Палчиште, пријавил дека на 28-ми овој месец од домот во непознат правец се оддалечила неговата 15-годишна сестра. Како што информира МВР се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Два пасоша и неколку ранци украдени од кавадаречки средношколци за време на екскурзија во Верона


Два пасоша и неколку ранци се украдени од кавадаречки средношколци за време на екскурзија во италијанскиот град Верона, потврди за МИА директорот на електро-машинското училиште „Киро Спанџов-Брко“ Драги Ташев. – Додека учениците ја разгледувале Верона, непознати сторители го скршиле стаклото од вратата на автобусот. Земале неколку ранци со храна, а во два од нив биле […]

Екологисти и спортисти ја чистеа трим патеката до манастирот „Свети Илија“


Членови на Спортскиот клуб „Југоисток“ и Здружението „Здрава котлина“ ја чистеа трим патеката доманастирот „Свети Илија“ во близина на Струмица. – Овие акции нема да престанат, но, фрлањето на ѓубре во природата едноставно мора да престане, порачаа спортистите и екологистите. Отпадот го собраа во 20 вреќи, а долж трим патеката поставија пораки испишани на дрвени […]