На скопјанец му украле автомобил, телефон и документи


Возило „ауди А4“, мобилен телефон и документи му се одземени на скопјанец кој ноќеска бил нападнат од три непознати лица на улицата „Архиепископ Доситеј“ во Скопје.

Дваесет и четиригодишниот скопјанец Р.Н. ноќеска во 02:40 часот во Секторот за внатрешни работи пријавил дека три непознати лица го ограбиле со закана со пиштол.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.