Сообраќајка кај Дојран, во прекин патот Богданци – Фурка


Во прекин е сообраќајот на регионалниот пат 11-09, на потегот од кај делницата Богданци – село Фурка кај Дојран.

Како што соопшти Авто мото сојузот на Македонија, причина за прекинот е сообраќајна незгода.