Старец полово нападнал 5 годишно девојче


Седумдесетгодишниот С.Ч. вчера извршил полови дејствија врз петгодишно девојче, додека си играло на улицата „Никола Карев“ во Прилеп.

Како што информира МВР, случајот во полиција вчера во 16 часот го пријавила 23-годишната мајка на детето.

По пријавата од полициски службеници С.Ч. бил приведен и задржан во Полициската станица Прилеп за понатамошна постапка.