Почна судењето Русковска против ВМРО-ДПМНЕ


 

Адвокатот на Русковска вели дека без докази била наклеветена иако во кариерата од 23 години работела чесно и професионално. Според адвокатот на Рускоска инсинуации и клевета се двата предизборни спота против неа. Тие предизвикале болка анксиозност и загриженост кај неа и таа  бара 10.000 евра оштета од четворицата тужени, лидерот на партијата Христијан Мицкоски, овластениот претставник на изборната колација Игор Јанушев, партијата ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, како и замрзнување на сметката на коалицијата за оваа сума.

Тужените пак го посочија вештачењето според кое обвинтелката имала болка и анксиознот. Тоа, велат, ја стави под знак прашање непристрасноста и објективноста  на  Рускоска во сите предмети на Обвинителството во кое е таа шеф и ги води против опозицијата. За спотовите адвокатот вели биле саркастичен и автентичен начин за критика, а не лага или  клевета и потенцираше дека треба да се почитува правото на слобода на изразување на мислата.

Судењето продолжува  на 5 октомври кога во судницата во граѓанскиот суд ќе се гледаат и двата предизборни спотови „Криминална вистина“ и „Штанд на лагите“.