Доктор нападнал медицинска сестра на Гинекологија


Утрово, во 7 часот во СВР Скопје, С.С.(29) од Скопје пријавила дека околу 5.45 часот во амбулантата на Гинекологија на Комплекс клиники„ Мајка Тереза“ додека била на своето работно место како медицинска сестра по претходна расправија била физички нападната од Т.М.(33) од Охрид, вработен како доктор. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од […]

Приведен нарко дилер баран од германската полиција кој се криел во тетовско


Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек за потрага постапија по меѓународна потерница од Интерпол Германија и вчера вo Тетово го лишија од слобода К.И. (30), кој се барал за сторени кривични дела поврзани со трговија на голема количина на кокаин и марихуана, на територијата на Германија.   Како што соопштија од МВР, […]

Игор Спасов од Бугарија е префрлен во затворот „Идризово“


Пребеганиот поранешен полициски службеник Игор Спасов, е екстрадиран во земјава и вратен во затворот „Идризово“ каде што треба да а доиздржи казната од 14-години  затвор за убиството на Мартин Нешкоски во 2011-та на скопскиот плоштад. По барањето на Министерството за правда до бугарските органи за екстрадиција на лицето Игор Спасов назад во Северна Македонија, на […]

Починал работник од Дојранско додека ивршувал работни задачи


Едно лице од Гевгелија управувајќи со работна машина удрил колега од селото Фурка, кој починал на местото на настанот, соопшти денеска МВР. – Вчера во 13:45 часот во Полициското одделение Нов Дојран било пријавено дека во кругот на правен субјект во село Николиќ, Д.Ј.(29) од Гевгелија, управувајќи работна машина, удрил во С.С.(47) од село Фурка, […]

На судењето за „27 април“ сведочеше поранешниот градоначалник на Бутел, Петре Латиновски


Со сослушување сведоци на одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за организаторите на случувањата на 27 април 2017 година. Прв беше сослушан Петре Латиновски, кој рече дека во периодот 2016-2017 година додека бил градоначалник на општина Бутел во рамки на градскиот комитет, како тело, немале никогаш воопшто дискутирано за протестите „За […]

Спасовски: Се води истрага во ЈО за Мијалков, детали за јавноста кога ќе има законска можност


Целосно се води истрага во рамки на Јавното обвинителство,  сите активности што сме задолжени да ги спроведеме, да прибавиме докази итн, ги пријавуваме и ги доставуваме до Јавното обивнителство, изјави денеска министерот за вантрешни работи Оливер Спасовски во врска со случајот на Сашо Мијалков. – Кога ќе има законска можност да бидат споделени со јавноста […]

Ноќеска пукање во Топаанско поле, убиени две лица


Две лица се убиени рано утринава, околу 03:00 часот на ул. Македонско-косовска бригада во скопската населба Топанско Поле во Скопје. Од МВР го потврдија случајот. „На 05.03.2021 во 02.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско – Косовска бригада“ се слушнало пукање. По излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници, […]

МВР: Внимавајте што гледаат децата на Тик-ток


Министерот Оливер Спасовски на неговиот фејсбук-прифил наведе дека Министерството за внатрешни работи добило информации од Интерпол дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица и упати алеп за внимателно користење на социјалните мрежи. – Апелирам за внимателно користење на социјалните мрежи. МВР од […]

Директорка и медицинска сестра од болницата во Битола патувале на службена сметка


Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе две кривични  пријави, една  против Н.И.(50) од Битола, раководител-директор за економско финансиско работење во ЈЗУ Клиничка болница Битола, поради основано сомнение за сторено кривично дело казниво по член 353 од КЗ на РСМ „Злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавената во својство на службено […]

Починато лице пронајдено во казино во Скопје


Во Полициската станица Центар вчера во 12.46 часот било пријавено дека во казино на бул.„Партизански одреди“ има починато повозрасно лице. Од МВР известуваат дека итната медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство. Извршен бил увид на место и бил известен Јавен обвинител и по негова наредба телото на починатото лице било пренесено во капела […]

ЈО бара лицето приведено за инцидентот во Ѓорче Петров да биде пуштено, бидејќи ДНК трагите во возилото не се негови


Основното јавно обвинителство Скопје побара лицето кое беше осомничено дека на 1 март годинава од патничко возило „Голф“ пукало кон „Мерцедес“ управуван од лице од Горно Свиларе, кое се здобило со прострелна рана во натколеницата, да биде пуштено од краткотраен притвор, бидејќи ДНК трагите најдени во возилото не се од него. ОЈО денеска соопшти дека […]

Реконструкција за убиството на Ангел Петковски


По седум години од убиството на Ангел Петковски, денеска беше извршена реконструкција кај Очната клиника во Ѓорче Петров, по одлука на Основниот кривичен суд Скопје, а на барање од одбраната на обвинетиот Насер Ештрефи. На реконструкцијата присуствуваа родителите на починатиот Ангел, обвинетиот Насер Ештрефи,  како и судијката Дијана Груевска-Илиевска. -По барање на одбраната и по […]

МВР до родителите: На „Тик Ток“ во Русија и во Израел се забележани повици за самоповредување на деца


МВР апелира до граѓаните, особено до родителите да обрнат внимание на активностите на своите деца на социјалните мрежи. Од страна на Интерпол, соопшти денеска МВР, ја информира јавноста дека е добиена информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица. Спорeд досегашните сознанија, […]

Запленета марихуана кај Радожда


Во полициска акција на влезот од струшкото село Радожда, на брегот на Охридското Езеро, синоќа била запленета марихуана, соопштија МВР. – Како резултат на преземени мерки и активности од страна на Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ во соработка со Одделението за прекуграничен криминал, при Регионалниот центар за гранични работи Запад на вчера околу […]

Пет македонски и еден британски државјанин на аеродромот во Скопје приложиле лажен негативен тест за Ковид-19


Кривична пријава против пет македонски и еден британски државјанин заради приложување на лажен негативен тест за Ковид-19 на аеродромот во Скопје. – Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Е.Д.(22) од Р.Турција, Н.Р.(48) и Е.Р.(34), двајцата од с.Неготино, гостиварско, Р.А.(22) од с.Пласница, општина Македонски Брод, Н.Б.(67) од Кичево, С.Б.(22), државјанин на Р.Северна […]

Притвор од 48 часа за косовски државјанин за пукањето во Ѓорче Петров


Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднело писмено известување за настанот што се случи на 01.03.2021 година, околу 16 часот, на улица „Борис Сарафов“ во Скопје, кога од патничко моторно возило „голф 5“ без регистарски таблици беше пукано со огнено оружје кон автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски таблици, управувано од лице од […]

Тројца турски државјани на аеродромот во Скопје прикажале лажен негативен тест на Ковид-19


Тројца државјани на Република Турција денеска заработија обвинителен предлог за кривично дело фалсификувана потврда за негативен тест за Ковид-19. Од Јавното обвинителство информираат дека ОЈО Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителни предлози против тројца државјани на Република Турција за кривично дело – Фалсификување исправа. -На 1 март, при процедурите за проверка на пасошот […]

Во две одделни сообраќајки повредени двајца


Во сообраќајна незгода во Скопје повреден е велосипедист, а во возило кое излетало од патот Битола-Кичево, повредена е сопатничка, соопшти МВР. Во вторникот, во 19.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Алија Авдовиќ“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „пежо 308“ со скопски регистарски ознаки, управувано од […]

Продолжува судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица. Случајот го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска и се наоѓа во доказна постапка. За случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, […]

ОЈО побара притвор за тројца учесници во протестите за пресудата во „Монструм“


Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд поднесе предлози за определување мерка притвор за три лица, кои учествувале во протестите за пресудата во предметот „Монструм“. За лицата е поведена постапка за кривично дело – Учество во толпа која ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот […]