Прилепчанец се удавил во базен, друг загина во сообраќајка


Во две одделни несреќи животот го изгубија двајца прилепчани, едниот се удавил во фабрички базен, другиот со мотор удрил во столб.

Имено, во понеделникот, на регионалниот пат Прилеп-Битола мопед „томос” без регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(66) од Прилеп, изгубил контрола и удрил во столб. Во незгодата, возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп. Увид извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп.

Истот ден, во 17.49 часот во СВР Битола било пријавено дека во базен во круг на фабрика на ул.„Орде Чопела“ во Прилеп бил пронајден удавен Г.М.(56) од с.Беровци, кој бил ангажиран како чувар на објектот. Од противпожарна екипа од Прилеп телото било извлечено, а од доктор од итна медицинска помош Прилеп извршен е преглед и констатирана е смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на Полициска станица Прилеп, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.