Кичеец, од следниот месец, в затвор

Осудениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски – Кичеец следниот месец ќе треба да почне да ја издржува затворската казна, пренесе Телма.

Ова го потврдуваат од кривичниот суд од каде не кажуваат точно кој датум му е одреден за да се појави а за сега не откриваат ниту за во кој  затвор доби упатен акт.

Велат дека одлуката сега се испраќа до него па тоа е причната поради која не откриваа детали, се додека тој не потврди дека ја примил.

Рокот е 30 денови, но Милевски има можност да бара да се одложи неговото одење во затвор од повеќе причини како што се болест, смрт или тешка болест на близок, за да заврши неодложни работи, или пак за да се грижи за деца или немоќни лица.

Тој на стартот на процесот призна вина по што веднаш ја доби и пресудата. Освен Кичеец во истиот процес на 7-годишна затворска казна е осудена екс специјалната обвинителка Катица Јанева и на девет годишна затворска казна неформалниот соспственик на поранешната 1ТВ, Бојан Јовановски.