Се одложи судењето за „Талир“, не дошол никој од ВМРО-ДПМНЕ


Случајот „Талир“ денеска се одложи за 21. октомври. Причината е неприсуството на портпаролот Наум Стоилковски и на доскорашниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Стоилковски не дошол поради тоа што бил болен, а Јанушев го загуби местото претставник на ВМРО-ДПМНЕ по оставката од функцијата во партијата на 21. септември.

„Наум Стоилковски не е присутен од здравствени причини. Другиот претставник од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев е сменет од партиските органи“, рече адвокатот.

Случајот „Талир“ е за перење на 5. милиони евра за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Обвинението го товари и поранешниот претседател на партијата Никола Груевски за злоупотреба на службената положба и овластување и за перење пари и други прионоси од казниво дело.