Почнува судскиот процес против браќата Усеини


Во Основниот суд Охрид денеска треба да се одржи првото рочиште по предметот кој се води против бизнисменот и советник Нефи Усеини и неговиот брат Ибро Усеини, јави Охрид њус.

Обвинетите се сомничат дека на 18 август 2020 година, околу 11.30 часот, извршиле грубо насилство врз охриѓанецот Спирко Топалоски.

Обвинението ги товари браќата Усеини само за кривично дело „насилство“, иако во случајот се водеше истрага и за недозволено поседување оружје.

Браќата Усеини се бранат од слобода со гаранција во вредност од 850.000 евра.