Рангелова: Ја докажав правдата, сега можам да се пресметам со тие што ме обвинуваа


Да не бев во овој обвинителен акт ќе можев многу послободно да делувам во изминатиот период, бидејќи бев обвинувана дека ќе се пазарам. Сега си ја докажав правдата и  можам слободно да се пресметам со тие што ме обвинуваа, изјави Даниела Рангелова, откако Обвинителството го повлече обвинението против за насилствата пред Општина Центар.

Прашана дали очекува напад од поранешните сопартијци, Рангелова рече дека не очекува, туку дека и честитале и има и пораки, бидејќи тие знаеле дека нема никаква вина.

– Не сум поддржувала насилство, тоа се докажа и во овој предмет, жал ми е што требаше четири години да се докажуваме. Со овие аргументи сега излегува токму спротивното од она што го тврдеа Мицкоски и компанија и сега можеме да се пресметаме на еден дуел доколку цени дека треба да имаме дуел. Можеби не се чувствува достоинствено да излегува со некој бивш функционер од партијата без оглед на моето партиско искуство би сакала очи во очи да се пресметаме кој одработува за оваа власт, дали ние или тој, изјави Рангелова.

Таа им порача на оние сведоци кои, како што рече лажно сведочеа против неа, да им служи на чест.