Прилепскиот основен суд првпат изрече доживотна казна затвор 


Прилепскиот основен суд изрече доживотна казна затвор за 52-годишниот Никола Петрески, кој во јануари лани уби двајца, а тешко рани едно лице во семејна трагедија која го потресе Прилеп. Според Жарко Велески, портпарол на Основниот суд во Прилеп, пресудата донесена вчера е за сторени четири кривични дела: едно за убиство, две за обид за убиство […]

Во угостителски објект во Куманово затекнати 49 лица кои не ги почитувале мерките за Ковид-19


Во угостителски објект во центарот на Куманово биле затекнати 49 лица од кои шест малолетници, при што не биле почитувани мерките за заштита од Ковид-19, соопшти денеска СВР Куманово. Во СВР Куманово вчера, во 17.22 часот било пријавено дека во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ има група граѓани кои не ги почитуваат здравствените прописи […]

Малолетник со „бе-ем-ве“ го прегазил хирургот Ѓорѓи Јота


Малолетник синоќа прегазил познат хирург пред Клиничкиот центар во Скопје. Лекарот се здобил со тешки повреди. -На крстосница од бул.„Мајка Тереза“ и ул.„Елисие Поповски-Марко“, патничко возило „бе-ем-ве х6“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 16 – годишник од село  Сингелиќ, скопско, удрило во пешакот Ѓ.Ј.(58) од Скопје, информира МВР. Јота со тешки повреди бил хоспитализиран […]

Обвинителни предлози за девет лица за употреба на фалсификувани ПЦР тестови на скопскиот аеродром


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителни предлози против вкупно девет лица, од кои шестмина македонски државјани, двајца швајцарски државјани и една државјанка на Република Босна и Херцеговина, кои во издвоени кривично-правни настани сториле кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.   Како што информираат од ОЈО, на граничниот премин […]

МВР: Претрес во Битола, запленета дрога


Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека при претрес во домот на П.Б (31) од Битола била пронајдена и одземена дрога, по што лицето е лишено од слобода. – На 25 февруари, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, врз основа на судска […]

(Во живо) Пресуда за „Таргет-Тврдина“


По три години од почетокот на судењето за случајот „Таргет –Тврдина“, денеска Судот треба да донесе пресуда. Ова е главниот предмет што го покрена некогашното Специјално обвинителство за да се дознае кој прислушувал во Македонија и кој потоа ја уништил опремата за прислушување. Обвинителите бараат 13 години казна затвор за обвинетиот Сашо Мијалков. Во овој […]

Епилог за „Таргет-Тврдина“ – ќе биде објавена пресудата за нелегалното прислушување


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресуда за предметот „Таргет-Тврдина“, што се однесува на масовното прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Пресудата за овој предмет во судница треба да ја чуе и поранешниот директор на УБК и еден од обвинетите Сашо Мијалков, кој ќе биде […]

Утре Скопје блокирано, поради протест на семејствaта на осудените во „Монструм“


Како што најави роднина на еден од осудените во случајот „Монструм, утре во Скопје тие ќе одржат протест. Судот донесе одлука дека осудените треба да одат во притвор до правосилност на пресудата, откако Обвинителството го побара тоа, бидејќи постои можност за бегство. Пресуда доаѓа по девет години од убиствата кај Смилковско Езеро. Ова беше повторено […]

Тројца Кумановци обвинети за создавање „ќелија„ на ИСИС


Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по спроведената истражна постапка, денеска до Основниот кривичен суд – Скопје достави обвинителен акт против три лица од Куманово, на кои им се ставаат на товар кривичните дела „терористичка организација“ и „тероризам“, според член 394-а, односно 394-б од Кривичниот законик. Како […]

Приведени шест лица од Прилеп барани со потерници


Денеска, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Одделението за внатрешни работи Прилеп, ги приведоа С.Џ.(37), И.С.(27) , Џ.А.(28), Џ.А.(31), Т.А.(40) и А.М.(31), сите од Прилеп, за издржување на затворски казни. Лицата се предадени во Казнено-поправнаta установа Затвор Битола.

На 2 март продолжува судењето за „27 април“, денеска сослушани сведоци на одбраната на Јанакиески


Судењето за организаторите на случувањата на 27 април 2017 година продолжува на 2 март, откако на денешно рочиште беа сослушани повеќе сведоци предложени од одбраната на Миле Јанакиески. Повеќето сведоци, сослушани на денешното рочиште, рекоа дека иако членувале во разни вибер групи, во ниту една не било разговарано околу протестите за „За заедничка Македонија” пред […]

Дерковски не комуницирал со Јанакиески и со Ристовски на 27 април 2017 година


Со сослушување на сведоци предложени од одбраната на Миле Јанакиески денеска во Основниот кривичен суд во Скопје, продолжува судењето за организаторите на случувањата во Собранието на 27 април 2017 година. Сведокот Оливер Дерковски, рече дека во периодот 2016-2017 година немал партиска функција и само бил член на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека, иако […]

Судењето за „Меѓународен сојуз“ одложено за 3 март


Судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица се одложува за 3 март, на барање на надлежен јавен обвинител, заради присуство на друга главна расправа. – Заради интерес на медиумите кои ја следата главната расправа за предметот со КОК бр. 49/20 во јавноста […]

Платформата за родова еднаквост ќе упати барања до ОЈО за случајот „Јавна соба“


Платформата за родова еднаквост, мрежа од здруженија кои работат на унапредување на родовата еднаквост и организаторки на протестите за случајот „Јавна соба“ денеска ќе одржат прес-конференција пред Јавното обвинителство на тема „Што прави ОЈО?“. – Бидејќи сѐ уште чекаме надлежните институции да преземат конкретни мерки за санкционирање на сите сторители во случајот „Јавна соба“, на […]

Ново рочиште за организаторите на „27 април“


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и […]

Запален автомобил на Агенцијата за примена на јазиците


 Утрово било пријавено за запалено возило „мерцедес“ во селото Визбегово, сопственост на Агенцијата за примена на јазиците. Од МВР информираат дека пожарот е изгаснат и е извршен увид. – Утрово околу 03:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Визбегово, Скопско, настанал пожар во патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Агенција […]

(Видео) Сашо Мијалков е тука, бил изолиран поради висока температура


Сашо Мијалков е во Македонија. Се извини на целата македонска јавност затоа што сите го барале, а тој бил изолиран заради висока температура. Тој замина во Обвинителството за организиран криминал, да го земе решението и ќе замине во домашен притвор. Мијалков го пречека екипа на „24 Вести“ за кој даде изјава. – Јас кога ќе […]

Многумина сакаат да поминат граница со фалсификат ПЦР тест


Во понеделникот, во 15 часот на Граничниот премин „Меѓународен aеродром“-Скопје, при проверка на Р.Б.(36) и Л.Б.(34), двајцата од Боговиње, тетовско, било констатирано дека на увид приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови. Од МВР денеска информираа дека тие биле приведени и задржани за понатамошна постапка. Во денешното соопштение од МВР стои дека вчера во 4 часот на […]

Русковска: Мијалков не може да помине граница, пасошот му е одземен


Сашо Мијалков не може да помине граница, затоа што му е одземена патната исправа. Дали има уште некоја патна исправа не ми е познато, изјави шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал Вилма Русковска, во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ. Прашана во однос на некои извештаи дека Сашо Мијалков има чешки и хрватски […]

( Во живо) Пресуда за „Монструм“


Нова пресуда ќе биде изречена во случајот „Монструм“ во кој им се суди на петмина обвинети за монструозното петкратно убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година. Обвинителството побара доживотен затвор за тројца обвинети за тероризам, максимални казни за двајца обвинети за помагање и ослободителна пресуда за еден обвинет за кого не се пронајдени […]