Приведен крадец од Гостивар, расчистени пет кривични дела


Во Гостивар вчеравечер околу 19.30 часот на улица „Живко Брајковски“ полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 22-годишниот гостиварец Ф.Н., поради сомнение дека во последниве два месеца во Гостивар извршил пет кражби и тешки кражби, од кои три во моторни возила. МВР денеска соопшти дека тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за […]

Денеска пресуда за „Монструм“


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за случајот „Монструм“, за петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година. Случајот „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. Во завршен збор, обвинителката Фатиме Фетаи, побара максимални казни за обвинетите Халил […]

Судењето за „Титаник” продолжува на 1 март


Судењето за случајот „Титаник” продолжува на 1 март. Овој судски предмет е уште во фаза на доказна постапка. На денешното рочиште беше сослушан актуелниот премиер Зоран Заев, кој од позиција на сведок предложен од обвинителството сведочеше за изборните нерегуларности вршени од страна на ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година. Судењето за овој случај го води судијата Осман […]

Заев на „Титаник“: Центрите за социјална помош во 2014 година биле злоупотребени од ВМРО-ДПМНЕ за изборни цели


 Премиерот Зоран Заев, во својство на сведок во случајот „Титаник” денеска во Кривичниот суд Скопје, збореше за неговите сознанија за изборните нерегуларности во 2014 година вршени од тогашната партија на власт ВМРО-ДПМНЕ. – Центрите за социјална помош беа злоупотребени, тие шетаа со списоци од примателите на социјална помош и ги закануваа примателите на социјална помош […]

Турски државјанин обвинет затоа што прикажал фалсификуван ПЦР тест за корона вирус


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против државјанин на Република Турција, осомничен дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“. Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетиот 32-годишник, на 17 февруари на граничниот премин на Меѓународниот аеродром – Скопје, при пријава за излез од државава, употребил медицински сертификат за извршено тестирање за SARS-CoV-2 (ПЦР тест). На сертификатот […]

МВР бара да се распише меѓународна потерница за Сашо Мијалков


Министерството за внатрешни работи ќе побара да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница за Сашо Мијалков. -Судот му одреди мерка куќен притвор на Сашо Мијалков. Преземаме мерки и активности за негово пронаоѓање. Распишана е национална потерница. Бидејќи од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено, ќе го известиме судот и ќе […]

Заев треба да сведочи за „Титаник“


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“. На претходното рочиште беше најавено дека денеска ќе бидат сослушани повеќе сведоци, меѓу кои и премиерот Зоран Заев. Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, […]

Расчистено убиството во Струмица, приведени двајца малолетници


 Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и СВР Струмица го расчистија убиството на Д.М. (67) во Струмица и во врска со овој случај се приведени двајца малолетници.   На 19.02.2021, по добиено оперативно сознание во СВР Струмица дека во куќа во Струмица се извршени кривични дела разбојништво и силување, […]

Пресудата за „Тврдина-Таргет” на 26 февруари


Маратонското рочиште со завршните зборови за случајот „Тврдина-Таргет” заврши со излагањата на дел од обвинетите, поранешни вработени во УБК, кои според обвиненитето за масовното незаконско прислушување учествувале директно во незаконските дејствија со кои се прекршени основнте човеки слободи и права. Обвинетиот Васил Исаковски, вработен во 2012 во УБК, пред судот во своите заврши зборови се […]

Струмичанката која беше пронајдена мртва во својот дом, била убиена


 Смртта кај шеесет и седум годишната струмичанка, чие безживотно тело беше пронајдено во нејзиниот дом на улицата „Балканска“ во центарот на Струмица е предизвикана по насилен пат, информираат за МИА од Основното јавно обвинителство. Од полицијата информирaа дека кај нив бил пријавен случајот по што увидни екипи излегле на терен, а во куќата бил пронајден […]

По речиси 9 часа заврши рочиштето за „Таргет – Тврдина“, пресуда на 26 февруари


По речиси 9 часа заврши рочиштето за завршните зборови на одбраната во случајот „Таргет-Тврдина“, пресудата е закажана за 26 февруари. Судењето по овој предметот започна на 22 декември 2017 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви […]

Пожар во затворската кујна во Идризово


Во четвртокот, во 4.32 часот во СВР Скопје, вработен во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ пријавил дека настанал пожар во затворската кујна. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во пожарот со повреди се здобил Ј.Б., вработен во затворот, кој бил пренесен во поликлиника „Ченто“ за укажување на лекарска помош. Извршен […]

Нападната и ограбена жена во сопствената куќа


Нападната жена во сопствената куќа од разбојник кој и го украл лаптопот. Насилникот ја удрил жената, ја турнал и побегнал со пленот. Судија му одреди мерка притвор од 30 дена. Основното јавно обвинителство Штип донело наредба за спроведување истражна постапка против лицето поради основано сомневање дека сторило кривично дело – Разбојничка кражба. -На 6 февруари, […]

Судењето за „Тортура“ одложено за 8 март


 Денешната расправа и расправата закажана за 26 февруари 2021 година за предметот „Тортура“ нема да се одржат, информираат од Основен Кривичен суд Скопје. Оттаму дополнуваат дека сите наредби и покани ќе бидат отповикани со оглед на тоа што дел од обвинетите и нивните бранители се опфатени во предметот „Таргет-тврдина“ закажан за посочените термини и кој […]

(Во живо) Завршни зборови на одбраната за „Таргет-Тврдина“


Со завршни зборови на одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи предметот за незаконското прислушување „Таргет-Тврдина“. Судењето по овој предметот започна на 22 декември 2017 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за […]

Tри лица во полициска станица, сквернавеле гробови и се снимале за „тик-ток“


 Полициски службеници од ОВР Ресен денеска во периодот од 16 до 18.30 часот идентификуваа и извршија службен разговор со тројца малолетници од Ресен (двајца на 16-годишна возраст и еден- 14 години) во врска со објавениот видео материјал на социјалната мрежа „тик-ток“ на кое се сквернават гробови во овој град, соопштија од МВР. – Со малолетниците, […]

Приведен албански државјанин во ГП-Блато, се обидел да поткупи полициски службеник


На граничниот премин Блато, при влез во Република Северна Македонија, денеска полициски службеници го лишиле од слобода А.Г.(43) од Република Албанија, соопштија од МВР. – При вршење на граничните проверки тој се обидел да даде потпкуп од 50 евра на полициски службеник за поминување на државната граница за него и неговото дете. А.Г. бил предаден […]

Ограбена продавница за уметнички предмети во Скопје


Во средата, во 20 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во периодот од 15.01.2021 до 03.02.2021 од продавница за уметнички предмети на ул.„Васил Главинов” во Скопје биле одземени 52 слики и повеќе рачно изработени уметнички предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Царина заплени тутун без платена акциза од 4,7 милиони евра


Царинската управа заплени 146.278 килограми увезен необработен тутун, пуштен незаконски во промет, без платена акциза во износ од 281.585.150 денари. Како што соопшти денеска директорот на Управата, Горан Сугарески, се работи за десет увози на тутун „вирџинија“, реализирани од страна на правно лице од Гевгелија во декември 2017 и цела 2018 година. Увезениот тутун, наместо […]

Поради превртена цистерна на патот Гостивар-крак Маврово, кај Новоселски мост, сообраќајот се одвива наизменично


На патниот правец Гостивар – крак Маврово, кај Новоселски мост сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента поради превртена цистерна, соопшти АМСМ. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација и присутна е сообраќајната полиција. Од АМСМ на учесниците во сообраќајот им препорачуваат внимателно возење, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување […]