ТИТАН Усје со нов портал за животна средина ја зајакнува транспарентноста и ќе објавува средно-дневни вредности од емисиите


Заради зајакување на транспаретноста и градење на цврсти релации со јавноста и со сите засегнати страни, од денес е достапен новиот портал за животна средина на ТИТАН Усје https://envi-platform.usje.mk/mk/. На платформата ќе бидат достапни податоците од работењето на компанијата, информации за активности поврзани со животната средина и други релевантни материјали. Дополнително, за да се овозможи […]

Величковски: Монетарната политика и платните системи се двата столба на современото централно банкарство


 Ефикасноста на монетарната политика е тесно поврзана со развиеноста на финансиските пазари, поради што реформите коишто континуирано ги спроведува Народната банка претставуваат важна основа за зачувување на стабилноста и поттикнување одржлив развој на финансискиот систем, пишува вицегувернерот Игор Величковски во своето обраќање во билтенот на Македонската банкарска асоцијација (МБА), во коешто се осврнува на клучните […]

Ситуацијата во Персискиот Залив ги спушти цените на нафтата под 71 долар за барел


Лондон – Цените на нафтата вчера на меѓународните пазари се спуштија под  71 долар за барел, со навестувања за натпревар меѓу производителите во Персискиот Залив до купувачите во услови на постепена нормализација на транзитот низ Ормуската Теснина. Барелот на пазарот во Лондон вчера попладне се тргуваше за 78 центи пониско од вчерашната цена на затворање […]

Договорот за изградба на автопатот Скопје-Блаце ќе биде потпишан в понеделник


 Договорот за изградба на автопатот Скопје – Блаце  ќе биде потпишан в понеделник, најави премиерот Христијан  Мицкоски.  Во гостување на ТВ Сител, Мицкоски синоќа а се осврна на резултатите на Владата во изминатите две години, истакнувајќи дека се градат шест автопати во исто време.  – Ако зборуваме за патната инфраструктура,  за неколку месеци од сега шест автопатски […]

„Рајанер“ ги именуваше аеродромите со долги редици за гранични проверки во ЕУ


Лондон – Авиокомпанијата „Рајанер“ (Ryanair) идентификуваше седум популарни европски аеродроми каде патниците се соочуваат со долги доцнења поради новите гранични проверки на ЕУ. Од компанијата соопштија дека аеродроми кои особено се мачат со Системот за влез/излез (ЕЕС) се Тенерифе Југ, Палма, Аликанте и Малага, сите во Шпанија; Милано Бергамо во Италија; Краков во Полска; и […]

Ристески: Инспекторатот ги анализира цените на 700 основни производи, резултатите за една недела


Државниот пазарен инспекторат ги следи цените на околу 700 есенцијални производи, а резултатите од анализата се очекуваат во рок од една недела, изјави заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, пренесе МИА. При посетата на Агенцијата за вработување во Штип, Ристески рече дека инспекторите извршиле контроли во голем број продажни објекти, по што Владата ќе […]

Ново странско финансирање до крајот на годинава, веќе се прибираат понудите


Ново финансирање од странство ќе се реализира до крајот на годината, но не пред септември, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. За колкава сума станува збор, се уште не се знае, а понуди веќе се прибираат и ќе се избере најповолната. Причината за странското финансирање, објасни Димитриеска-Кочоска, е за да се намали притисокот врз […]

Необјаснив феномен: Сточарството изумира, а во Македонија има вишок домашно млеко


  БИТОЛА – Несфатливо е како Македонија има вишок на домашно сурово млеко кога сточарството изумира, се продава стоката, се затвораат фармите. Ова е дилемата која ги мачи сточарите од Малешевијата, според кои состојбата во сточарството е сериозно тешка поради што по протестот на пелагониските сточари на мирен протест излегоа и сточарите од Источниот регион. […]

Министерката за финансии најави измени за глобалниот минимален данок


  Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска е задоволна од наплатата на даноците. Како што рече денеска, по отчетот за сработеното во изминатите две години, јуни има сериозен раст на сите даночни приходи Одговорајќи на новинарски прашања, Димитриеска-Кочоска најави и измени во однос на глобалниот минимален данок. „Задоволна сум од тоа што е поставено како таргет […]

САД одбија да го продолжат трговскиот договор со Канада и Мексико


Вашингтон – Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп вчера одби да го продолжи трговскиот договор на САД со Мексико и Канада, започнувајќи деценија долг период за укинување на северноамериканскиот трговски договор, додека бара промени за враќање на производството во својата земја. Одлуката, објавена по шестгодишна ревизија на договорот меѓу САД, Мексико и Канада, го одржува договорот […]

Три американски компании мора да платат 3,3 милиони долари и да донираат 53 милиони јајца


Министерството за правда на САД и 17 држави постигнаа спогодби со три големи производители на јајца за да ги прекинат обвинувањата дека нелегално ги фиксирале цените со години, вклучително и кога цените достигнаа рекордни нивоа минатата година. Федералната влада и државите ги обвинија „Кал-Мејн Фудс“, „Версова“ и „Хикманс Ејџ Ранч“ за вклучување во шема помеѓу […]

Просечната нето плата во Хрватска изнесува 1.552 евра


Просечната месечна нето плата исплатена по вработен кај правни лица во Хрватска за април оваа година изнесуваше 1.552 евра, што е номинално за 7,9 проценти повисока од претходната година, а реално, или кога ќе се земе предвид инфлацијата, за два проценти, објави во среда Централниот завод за статистика. Меѓутоа, во споредба со март оваа година, […]

Нов бран откази во „Мајкрософт“, илјадници луѓе ги губат работните места


„Мајкрософт“ се подготвува да објави нова рунда отпуштања како дел од своите напори за контрола на трошоците, според извори запознаени со работењето на компанијата. Се очекува отпуштањата да влијаат на илјадници работни места, вклучувајќи ги одделите за продажба и консултантски услуги и одделот за видео игри Xbox, објавува Business Insider. Се очекува новиот бран отпуштања […]

Додека трае топлотниот бран: Огромни проблеми за земјоделците низ цела Европа


Екстремната топлина и суша предизвикуваат проблеми за земјоделците низ цела Европа. Покрај тоа, вештачкото ѓубриво стана поскапо во последните години. Денес, азотното ѓубриво е 70 проценти поскапо отколку пред две години. Европската унија се согласи на план за помош на земјоделците. Во мај оваа година, имаше ново зголемување на цената на вештачкото ѓубриво од 30 […]

И Струмица го добива својот „Лидл“: Поставен камен-темелникот на новиот маркет


Струмица е најновата клучна точка на инвестициската мапа на „Лидл“ (Lidl) во земјава. Со денешното поставување на камен-темелникот, компанијата официјално ја започна изградбата на новиот маркет, кој не само што ќе ја прошири продажната мрежа, туку ќе донесе и директен поттик за локалната економија. Оваа инвестиција е дел од стратешкиот развој на „Лидл“ во Македонија, […]

Промовирана поштенска марка по повод 250 години независност на САД – сведоштво за трајното македонско-американско пријателство


 „Пошта на Северна Македонија“ во соработка со Амбасадата на САД во земјава денеска промовираше поштенска марка по повод 250 години од независноста на Соединетите Американски Држави.   Поштенската марка не е само филателистичка вредност, туку и симбол на пријателството меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија, беше посочено на промоцијата. – Двесте и педесетгодишнината од американската […]

Златото пред најлошиот квартал во повеќе од една деценија


Цената на златото падна под 4.000 долари за унца и е на добар пат кон најлошиот квартален резултат во повеќе од една деценија, откако очекувањата за зголемување на каматните стапки во САД и намалување на интересот од малопродажните инвеститори предизвикаа остар пад на пазарот. Во изминатите три месеци, вредноста на златото се намали за речиси […]

Лиценцата на НИС продолжена до 31 јули


Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД ја продолжи лиценцата за работа за продолжување на работата на Српската нафтена индустрија за уште 30 дена, до 31 јули, објави министерката за енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ. „OFAC штотуку нè информираше дека лиценцата за работа за продолжување на работата на НИС е […]

САД ги укинаа извозните ограничувања за моделите на вештачка интелигенција на „Антропик“


„Антропик“ (Anthropic) во вторник соопшти дека Министерството за трговија на САД ги укинало извозните контроли за моделите на вештачка интелигенција Claude Fable 5 и Mythos 5, помалку од три недели откако му беше наредено да го суспендира пристапот до своите најнапредни модели поради ризици за националната безбедност. Американскиот министер за трговија Хауард Лутник, во писмо […]

Надградена безбедносната контрола на Скопскиот аеродром, инвестиција од милион евра


Со инвестиција од милион евра надградена е безбедносната контрола на Меѓународниот аеродром Скопје, каде денеска беа пуштени два нови уреди со компјутерска томографија за проверка на рачен багаж, како и две нови автоматизирани ленти – системи за автоматско враќање на корпите – од британската компанија Smiths Detection.  Овие системи, како што беше речено на нивната […]