Договорот за изградба на автопатот Скопје-Блаце ќе биде потпишан в понеделник
Договорот за изградба на автопатот Скопје – Блаце ќе биде потпишан в понеделник, најави премиерот Христијан Мицкоски.
Во гостување на ТВ Сител, Мицкоски синоќа а се осврна на резултатите на Владата во изминатите две години, истакнувајќи дека се градат шест автопати во исто време.
– Ако зборуваме за патната инфраструктура, за неколку месеци од сега шест автопатски делници ќе се градат. Во понеделник го потпишуваме договорот за изградба на автопатот Блаце – Скопје, проект што граѓаните го чекаат со децении и кој го доби македонска компанија. Многу наскоро ќе биде завршен и процесот за делницата Букојчани – Кичево, а догодина ова време веќе ќе треба да го користиме автопатот Кичево – Охрид. Исто така, догодина ова време очекувам првите десет километри од автопатот кај Прилеп да бидат пуштени во употреба во двете насоки, а во полн ек да биде изградбата на автопатот Тетово – Гостивар – Букојчани. Така што, првпат имаме ситуација во ист момент да се работи на шест автопатски делници. Можам да набројам уште многу проекти – рече Мицкоски.