„Џонсон Мети“: Глобален лидер за емисии за возила и дата-центри, го презема „Корметех“


  Џонсон Мети неодамна објави дека е постигнат договор за преземање на „Cormetech“ (Корметех), водечки и брзорастечки американски производител на катализатори за селективна редукција на процесот на катализација (SCR – Selective Catalytic Reduction) кои обезбедуваат контрола на емисии за стационарно производство на енергија и индустриските апликации. Се очекува купувањето на Корметех да заврши во јули […]

Мобилните телефони преовладуваат кај дигиталните канали за плаќање


Граѓаните сè повеќе ги користат дигиталните канали за плаќање, покажуваат податоците за првиот квартал од 2026 година. Плаќањата со платни налози бележат раст од 10,3 проценти кај бројот на трансакциите и 14,6 проценти кај нивната вредност во споредба со истиот период лани, информираат од Народна банка. Особено е изразен растот на електронските плаќања, кои се […]

Министерството за финансии исполнило осум од вкупно 22 чекори на земјава, дел од Реформската агенда


Министерството за финансии постигна значителен напредок во имплементацијата на Реформската агенда 2024–2027, со силен фокус на транспарентност, отчетност и подобрено управување со јавните финансии. Реформи коишто ги спроведе се клучни за зајакнување на капацитетот на државата ефикасно да апсорбира, односно да обезбедува и управува со средствата од ЕУ. Министерството за финансии, како што соопштуваат оттаму, […]

Индустриското производство во мај помало за два отсто во однос на истиот месец лани


Индустриското производство во мај годинава е намалено за 2 процента во однос на мај минатата година, а за 0,3 проценти во периодот јануари – мај годинава  споредено со истиот период лани. Државниот завод за статистика објави дека индустриското производство во мај годинава во однос на мај лани бележи пораст од 6,1 проценти во секторот Снабдување […]

Започнува изградбата на базата на НАСА на Месечината, ќе чини 30 милијарди долари


Планот на НАСА од 30 милијарди долари за изградба на база на Месечината влегува во сериозна фаза на имплементација. Вселенската агенција брзо развива начини за испорака на лендери, ровери, возила и друга опрема на површината на Месечината за да се избегнат скапи одложувања. Како дел од тој напор, НАСА објави во вторник дека ќе им […]

Поставување камен-темелник на „Лидл“ во Струмица


Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска ќе оствари работна посeтa на општина Струмица. Николоски, во рамики на посетата, ќе се обрати на свечената церемонија на поставување камен-темелник на продажен објект на „Лидл“ во Струмица, каде ќе присуствуваат и оперативниот директор на на Лидл Северна Македонија Рубријан Хаџиев и градоначалникот на Струмица […]

Промоција на поштенска марка по повод 250 години од независноста на САД


АД „Пошта на Северна Македонија“ во соработка со Амбасадата на Соединетите Американски Држави денеска организираат промоција на пригодна поштенска марка по повод 250 години од независноста на САД.  На настанот ќе присуствуваат претставници на Амбасадата на Соединетите Американски Држави и на АД „Пошта на Северна Македонија“.

УЈП одржа шест работилници за е-фактура со поголеми даночни обврзници


Управата за јавни приходи во текот на јуни одржа шест работилници за системот „Е-фактура“, на кои учествуваа 90-ина компании што ги администрира Дирекцијата за големи даночни обврзници. Работилниците беа организирани со цел компаниите да се запознаат со функционалностите на системот, процесот на негово користење и придобивките што ги носи дигитализацијата на фактурирањето – информира Управата […]

Министерство за енергетика очекува бенефити од новиот закон за обновливи извори


Усвоен е новиот Закон за користење на енергијата од обновливи извори, со што Македонија направи еден од најзначајните реформски чекори во енергетиката во последните децении. Првпат обновливите извори на енергија се уредуваат со посебен закон, со кој се воспоставува современа, европски усогласена и предвидлива правна рамка за развој на чистата енергија, наведува Министерството за енергетика, […]

Здружението на транспортери на Западен Балкан бара од ЕК да најде решение за возачите на камиони до 10 август


Претставниците на транспортните здруженија на Србија, Северна Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина одлучија да испратат ново заедничко писмо до Европската комисија со барање до 10 август да понудат прифатливо решение за проблемот со ограничувањата за престој на професионалните возачи во Шенген зоната, пренесува Банкар.ме. Претседателот на Меѓународното транспортно бизнис здружение, Неѓо Мандиќ, ја […]

Неделава средба со доставувачите и со производителите, најави Дурмиши


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши најави дека оваа недела ќе се одржи состанок и со доставувачите и со производителите, на која ќе се разговара за обезбедување пониски цени на основните прехранбени производи – дефинирана цел на минатонеделната средба со трговците.   Одговарајќи на новинарско прашање, Дурмиши денеска рече не може да каже конкретен датум […]

Во мај пад на просечната каматна стапка кај кредити и кај депозитите


Најновите податоци на Народната банка за каматните стапки покажуваат дека просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај изнесува 4,69 проценти и бележи пад од 0,37 процентни поени. Според објавените податоци, пад е забележан и кај просечната каматна стапка на вкупните депозити за 0,04 проценти поенти, односно таа изнесува 2,17 проценти.  Намалување на годишно и […]

Кризата во сточарството е потешка од онаа со „Сведмилк“: Очајот ги однесе сточарите на протест


  БИТОЛА – Во голема криза е македонското сточарство и не е проблемот само во неисплатените субвенции и премијата на млекото, туку во распродажбата на сточниот фонд и немањето пласман за стоката и млекото. Со силни критики кон власта и политичарите за моменталната состојба во сточарството настапија денеска сточарите од Пелагонија на протестот што се […]

Јапонскиот јен падна на најниско ниво во последните 40 години


Јапонскиот јен падна на најниско ниво во однос на американскиот долар од 1986 година во вторник, држејќи ги инвеститорите на штрек за можна интервенција од страна на јапонските власти. Јенот падна на 162,19 за долар до 1:27 часот по источно време, најниско ниво во последните четири децении. Јапонскиот министер за финансии Сацуки Катајама изјави во […]

Дурмиши: Сто административни постапки ќе бидат поедноставени и скратени


Во изминатите две години создадовме политики што носат конкретни ефекти, а една од нашите најголеми одговорности беше заштитата на животниот стандард на граѓаните – рече денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на прес-конференција за отчет за сработеното. Според Дурмиши, остануваат бројни предизвици, но реформите што ги започнале се цврста основа за поконкурентна, поиновативна […]

Уште еден значаен успех за македонската архитектура и градежништво!


Со гордост го одбележуваме успешното завршување и навремено предавање на новата Управна зграда на Стопанска банка, во рамки на проектот Гранд Скопје, реализиран преку извонредна соработка помеѓу инвеститорот MG Fashion, архитектонското студио Syndicate Studio и целиот проектен тим. MG Fashion е компанија со децениско искуство, активна во областа на недвижностите, специјализирана за инвестирање и изградба […]

Врховниот суд на САД ја задржа на работа гувернерката на Федералните резерви, Лиса Кук


Американскиот претседател Доналд Трамп вчера претрпе уште еден правен пораз во спорот со Федералните резерви откако Врховниот суд го отфрли барањето на неговата администрација за отстранување на гувернерката на Федералните резерви Лиса Кук од функцијата, јавува ДПА. Одлуката значи дека Кук може да остане на својата функција додека судските постапки за нејзината позиција продолжуваат во […]

Крстевска: Се подобрува финансиската писменост, потребно е постојано надградување на знаењата


При мерење на финансиската писменост се оценува способноста за ефикасно управување со личните финансии, коешто, меѓу другото, подразбира знаење и способност за планирање на буџетот, рационално трошење, како и разбирање на основните финансиски концепти за штедење и инвестирање средства“. Ова го истакна главната економистка на Народната банка Анета Крстевска во интервју за „Слободен печат“, при […]

Од 1 јули пониски царини за 70 суровини и репроматеријали


Од 1 јули пониски царини за 70 суровини и репроматеријали, најавува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска откако Собранието ги усвои измените на Законот за царинска тарифа.  – Со законските измени се врши дополнително усогласување на царинските стапки со оние што важат во Европската унија, согласно определбите од Програмата за работа на Владата 2024-2028 година и […]

Над 2.800 апликации за грантови за отворање на сопствен бизнис, инфо-денови во Ресен, Охрид и Кичево


Голем интерес има за трите јавни повици од мерката за Претприемништво – Самовработување со грант од Оперативниот план Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, а минатата недела се пристигнати над 2.800 апликации, информираат од Министерството за економија и труд.  Информативни денови за презентација […]