„Џонсон Мети“: Глобален лидер за емисии за возила и дата-центри, го презема „Корметех“


 

Џонсон Мети неодамна објави дека е постигнат договор за преземање на „Cormetech“ (Корметех), водечки и брзорастечки американски производител на катализатори за селективна редукција на процесот на катализација (SCR – Selective Catalytic Reduction) кои обезбедуваат контрола на емисии за стационарно производство на енергија и индустриските апликации. Се очекува купувањето на Корметех да заврши во јули 2026 година по добивање на вообичаените регулаторни одобренија.

Клучните моменти од преземање на водечкиот производител на катализатори за SCR вклучуваат значително пазарно присуство на структурно растечкиот пазар за производство на енергија во САД, со побарувачка поткрепена со брза изградба на дата-центрите. Ова создава одлична стратешка основа за Џонсон Мети и материјално го зголемува обемот на бизнис на секторот Clean Air Solutions, при што зголеменото портфолио се состои од:

o Високо комплементарни производи за контрола на емисии во апликациите за производство на електрична енергија

o Силно глобално лидерство во категоријата на севкупниот пазар на адресирани катализатори од над милијарда долари, каде се очекува двоцифрен раст на среден рок

o Водечко и диференцирано портфолио на технологија и интелектуална сопственост, овозможувајќи комбинираната група да обезбеди прилагодени катализатори и системи од најдобра класа низ низа идни енергетски платформи за многу разновидна база на клиенти

Трансакцијата ќе ја зајакне позицијата на Џонсон Мети на пазарот за производство на електрична енергија во САД, кој бележи раст поради брзата експанзија во изградба на дата-центри. Се очекува оваа зголемена побарувачка за дата-центри, заедно со построгите регулативи за емисии на азотни оксиди во САД и поголемата употреба на системи за дистрибуирано производство за зголемување на енергетската сигурност, да ја поткрепи долгорочната структурна побарувачка за катализатори за SCR со повисока вредност за производство на почиста електрична енергија.

За земјите и регионите кои сакаат да привлечат инвестиции на дата-центри, вклучувајќи ја и Македонија, проширениот сегмент на Clean Air нуди посилна локална и регионална можност за синџирот на снабдување: Џонсон Мети сега може да обезбеди поширок спектар производи и услуги кои поддржуваат почиста енергија за енергетски интензивни објекти и помага Владите да ги исполнат еколошките и економските цели.

Лиам Кондон, главен извршен директор на Џонсон Мети, објаснува: „Аквизицијата на Корметех е следниот чекор во спроведување на нашата стратегија за фокусирање на силните страни на Џонсон Мети. Преку оваа многу комплементарна аквизиција, материјално ќе може да го зголемиме обемот на нашиот сегмент Clean Air Solution а воедно да обезбедиме атрактивни финансиски резултати за поддршка при создавање одржлива вредност за нашите акционери“.

Корметех е основана во 1989 година и е светски лидер во дизајн, производство и управување со животен циклус на катализатори за SCR за турбини на природен гас и електрани на јаглен. Катализаторите за SCR обезбедуваат високо-ефикасно решение за чистење на воздухот од загадувачи со азотни оксиди што ги емитираат индустриските, рафинериските, петрохемиските и компаниите за производство на енергија. Корметех има значајно присуство на американскиот пазар за SCR и обезбедува решенија за над 400 клиенти, од кои 90% ги користат производите на Корметех повеќе од една деценија.