„Реплек“ со засилен раст на домашниот пазар од 24% во првото полугодие од 2026 година


Со континуиран раст на продажбата на домашниот пазар и натамошно зајакнување на својата позиција во Македонија, „Реплек АД Скопје“ во првите шест месеци од 2026 година оствари вкупни приходи од продажбаво сегментот фармација од 13,9 милиони евра. Приходите остварени на домашниот пазар бележат раст од 24% во однос на истиот период минатата година, со реализирани […]

Од полноќ поскапуваат горивата


Бензините од полноќ поскапуваат за еден денар, а дизелот за два ипол денари, покажуваат пресметките на Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 85,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 87,5 денари за литар. Дизелот од полноќ ќе се точи по цена од 82,5 денари […]

„Алкалоид“ со сребрен медал од EcoVadis и со пласман меѓу најдобрите 15 % компании на глобално ниво


АЛКАЛОИД АД Скопје го доби сребрениот медал SILVER | TOP 15 % за 2026 година доделен од EcoVadis, со освоени 94 перцентили. Со ова признаниеАЛКАЛОИД се позиционира меѓу најдобрите 15 % од сите компании оценети на глобалната платформа EcoVadis во последните 12 месеци. Сребрениот медал претставува значаен напредок во однос на минатогодишниот бронзен медал BRONZE | TOP 35% […]

Народната банка е чекор поблиску до воспоставување склад на податоци за потребите на екстерните статистики со поддршка на ЕУ


Народната банка успешно ги заврши активностите поврзани со првите две фази од компонентата за воспоставување склад на податоци за потребите на екстерните статистики коишто произлегуваат од проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на капацитетот на Народната банка во областа на екстерните статистики, платежната статистика и платните системи“. Првата фаза од активностите од проектот финансиран од ЕУ […]

Мицкоски пред Регулаторна: Очекувам зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините


Очекувам да имаме зголемување од околу 2 до 2,5 денари за литар за дизел горивото и околу денар за бензините. Но, да почекаме утре Регулаторната комисија да ги каже последните бројки, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.  Како што рече,  има зголемување на цената на нафтата од околу 5-6 проценти на светските берзи во текот на […]

Ќе работиме ли до 72 години? ММФ препорачува, Кочоска бара право на избор


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка ќе изработат детална анализа за состојбата со пензискиот фонд во земјава, по што Владата ќе одлучува дали ќе има промени во старосната граница за пензионирање. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, нагласи дека во моментов нема донесено никаква одлука за пензиска реформа и дека се чекаат препораките од меѓународните […]

Трамп објави нова фотографија од банкнота од 100 долари со неговиот потпис


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп објави нова фотографија од банкнота од 100 долари со неговиот потпис. Ова доаѓа неколку месеци откако Министерството за финансии на САД објави дека, за прв пат во историјата, потписот на актуелен претседател ќе се појави на банкнота на американскиот долар. Министерот за финансии Скот Бесент претходно изјави дека администрацијата […]

ФЕРО ИНВЕСТ и WHES на Intersolar Europe 2026: Успешниот батериски проект бара врвна технологија и искусен инженерски партнер


Инженерскиот тим на ФЕРО ИНВЕСТ, ексклузивен партнер на WHES Energy Storage Systems за Македонија, присуствуваше на Intersolar Europe 2026 во Минхен – најголемиот европски саем за соларна енергија, батериски системи и паметни енергетски решенија. Во текот на саемот, инженерите на ФЕРО ИНВЕСТ беа присутни на штандот на WHES и им беа на располагање на потенцијалните […]

Светските цени на храната се стабилизираат: Само месото и растителните масла се поскапи


Светските цени на храната во јуни останаа на нивото од доцна пролет, при што житарките, млекото и млечните производи се поевтини, а месото и растителните масла се поскапи, објави во петок Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО). Ценовниот индекс на ФАО за кошничка основни прехранбени производи во просек изнесуваше 130,3 поени во јуни, […]

ТИТАН Усје: Јавниот дијалог со сите засегнати страни е важен дел од процесот за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола


Денеска, во рамките на законската постапка, се одржа јавна расправа за продолжување на А–интегрираната еколошка дозвола на ТИТАН Усје. Во рамките на јавната расправа,ТИТАН Усје ги презентираше информациите за своето работење, примената на најдобрите достапни практикии активностите што компанијата ги презема за заштита на животната средина. Јавната расправа претставува важен дел од законската процедура и […]

Нов Протокол на царините на Северна Македонија и Албанија за царински контроли на заедничките гранични премини


Царинските управи на Македонија и Албанија ја продлабочуваат соработката со нов Протокол за царински контроли на заедничките гранични премини. Царинската управа соопшти дека унапредувањето на граничното управување на граничните премини со Албанија, преку поефикасни контроли и олеснување на трговијата, ќе овозможи забрзување на регионалната интеграција во ЕУ. -Оттука во фокусот на царинските управи ќе биде […]

Околу 500 прилепчани и битолчaни сакаат да отворат свој бизнис со помош на Владата


Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, директорката на Агенција за иновации, научно технолошки развој и претприемништво-ИНОВА Даниела Димовска, како и градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски и Претседателот на Советот на Битола, Бојан Бојкоски денес ги посетија регионални канцеларии на Агенцијата за вработување во Прилеп и Битола. За време на посетата со раководителите на регионалните […]

Андоновски: Компаниите конкретно да кажат – кои услуги да се дигитализираат


Компаниите да бидат конкретни во барањата, да кажат точно што им треба, кои услуги да се дигитализираат. Ни недостасува фидбек од нив. Им стоиме целосно на располагање. Изминативе две години покажавме дека сме многу отворени и за коментари, и за критики, и за нови идеи, и за заедничка соработка, но мислам дека е потребно малку […]

УЈП наплатила речиси 232 милиони евра повеќе од даноци годинава, отколку во истиот период лани


Во периодот јануари–јуни 2026 година, даночните приходи бележат раст од 14,9%, додека приходите од придонеси се повисоки за 7,6% во однос на истиот период во 2025 година. Особено се истакнува месец јуни, во кој е забележан значителен раст на остварените приходи од даноци од 41,6%, како и раст на приходите од социјални придонеси од 12,0% […]

Пешевски до работодавачите: Скржави сте! Регрес се дава пред годишни одмори, не пред прослава на Нова година


Претседателот на Синдикатот за градежништво и дел од ССМ, Иван Пешевски се огласи на социјалните мрежи во врска со исплатата на К-15. Тој им порача на работодавачите дека минимален износ на регрес за годишен одмор во приватен сектор е најмалку 19.115 денари, односно 40% од просечната нето-плата во последните три месеци. Во јавен сектор изнесуваа […]

„Реплек“ 10 години развива производи врз база на медицински канабис и е на европските пазари


  Пред десет години кога „Реплек“ ја почна програмата за производство на производи од медицински канабис многумина гледаа на компанијата со скептицизам. Денес оваа фармацевтстка компанија е лидер на македонскиот пазар во овој сегмент и со вакви производи е присутна на европскиот пазар. Коста Котески, член на Управниот одбор и заменик-генерален директор и директор за […]

Русија се свртува кон Јапонија поради кризата. Увезува гориво за авиони преку Јужна Кореја


Русија, соочена со криза со гориво по украинските напади врз нејзината енергетска инфраструктура, се подготвува да увезе пратка гориво за авиони со потекло од Јапонија преку трговци, откриваат три добро информирани извори. Тоа е редок потег за голем производител на нафта, кој сега е принуден да се сврти кон увоз за да ги задоволи домашните […]

Азески: Бизнисот бара отворање на границите и почитување на европските принципи


 Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески денеска уште еднаш порача дека бизнисот бара отворање на границите, натамошна борба против корупцијата и сивата економија, гасификација, поддршка на извозот, како и континуитет на правните прописи. Како што истакна Азески во обраќањето на форумот што го организира Комората, регионот мора многу повеќе да соработува и да ги почитува […]

Македонската индустрија останува без работници


Македонската индустрија продолжува да ги губи работниците. Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во мај 2026 година бројот на вработени во индустријата е намален за 2,6 проценти во споредба со истиот месец лани, а најголемиот удар го трпи рударството, каде што бројот на работници е намален за 7,3 проценти. Статистиката покажува дека […]

Мицкоски: Нашата визија е да изградиме држава во која успехот нема да зависи од привилегии, туку од знаење


Нашата визија е јасна – да изградиме држава во која успехот нема да зависи од привилегии, туку од знаење, држава во која институциите ќе бидат сервис на стопанството, држава која ќе биде препознаена по иновациите, по квалитетот на своите производи, по чесното работење и по конкурентната економија, држава која ќе биде доволно силна да ги […]