„Алкалоид“ со сребрен медал од EcoVadis и со пласман меѓу најдобрите 15 % компании на глобално ниво


АЛКАЛОИД АД Скопје го доби сребрениот медал SILVER | TOP 15 % за 2026 година доделен од EcoVadis, со освоени 94 перцентили. Со ова признаниеАЛКАЛОИД се позиционира меѓу најдобрите 15 % од сите компании оценети на глобалната платформа EcoVadis во последните 12 месеци.

Сребрениот медал претставува значаен напредок во однос на минатогодишниот бронзен медал BRONZE | TOP 35% и е уште една јасна потврда за долгогодишната посветеност на АЛКАЛОИД на одржливиот развој, одговорното работење, транспарентноста и континуираното унапредување на деловните практики. Ова признание дополнително ја потврдува зрелоста на системскиот пристап на компанијата во имплементацијата на ESG-стандардите и ја зајакнува довербата кај нејзините меѓународни партнери и соработници.

Според резултатите од оценувањето, најзначаен е пласманот на АЛКАЛОИД меѓу најдобрите 3% од оценетите компании во индустриската категорија Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати. Дополнително, во поединечните области, АЛКАЛОИД се наоѓа меѓу најдобрите 1% компании во областа животна средина и 1% компании во областа трудови и човекови права, меѓу најдобрите 13% во областа одржливи набавки и меѓу најдобрите 19% во областа етичко деловно однесување.

EcoVadis е една од водечките глобални платформи за оценување на корпоративната одржливост, а нејзината методологија ги опфаќа областите животна средина, трудови и човекови права, етика и одржливи набавки.

Признанието од EcoVadis претставува дополнителен поттик компанијата и натаму да ги унапредува своите практики и да создава долгорочна вредност за вработените, партнерите, заедницата и за сите засегнати страни, во согласност со најдобрите меѓународни стандарди и практики.

Во годината во која компанијата го одбележува својот голем јубилеј, 90 години АЛКАЛОИД, ова е уште еден доказ за вредноста на знаењето, за моќта на посветеноста за создавање траен импакт и за важноста на упорноста во градењето доверба што трае низ годините.

Кликнете на линкот за да видите повеќе детали и информации за методологијата за нашето признание EcoVadis https://recognition.ecovadis.com/ZLNSe7sRfEa7mySN6_guYw.

(Комерцијалне текст)