За четири месеци се потрошени над 72 отсто од буџетскиот дефицит, се крои ребаланс на Буџетот


Со буџетски приходи пониски од планот, а буџетски трошења во рамки на планираното, завршија првите три месеци од оваа економска година. Од Владата веќе најавија дека ќе има ребаланс на Буџетот 2026-та. Според економистите и досегашните статистички мерења, веќе под знак прашалник се сегашните проценки за инфлација од 2,5 отсто и раст на БДП од […]

УЈП испрати 862.896 годишни даночни пријави. Еве што треба да се прави ако е пресметан поголем или помал данок


 Во законскиот рок – 30 април 2026 година, Управата за јавни приходи (УЈП) заврши со генерирање на Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за остварен доход во 2025 година, пришто се изгенерирани вкупно 862.896 даночни пријави, информираат од УЈП. -Сите граѓани ќе добијат и лична порака на својот профил на „МојДДВ” или на е-пошта регистрирана во УЈП. […]

Маск сакал да се спогоди со OpenAI само неколку дена пред нивната судска пресметка


Елон Маск побарал потенцијална спогодба со OpenAI два дена пред да започне неговото масовно судење против производителот на ChatGPT минатата недела, се вели во новиот судски поднесок од OpenAI. Маск испратил порака до претседателот на OpenAI, Грег Брокман, „за да го процени интересот за спогодба“ на 25 април, според поднесокот поднесен во неделата вечерта од […]

ЕЦБ предупредува на ризик од рецесија, војната во Иран може да ја турне Еврозоната во стагфлација


Ризикот Еврозоната да се лизне во рецесија доколку конфликтот на Блискиот Исток продолжи повеќе не е само теоретска закана. Гувернерот на грчката централна банка и член на Управниот совет на Европската централна банка, Јанис Стурнарас, предупреди дека загриженоста за можен економски пад е „реална и оправдана“, особено ако војната со Иран продолжи да создава нарушувања […]

Божиновска – Варнс: Стратешкото партнерство во енергетиката со САД сега влегува во фаза на конкретна реализација


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на САД, Никол Варнс, на која, како што објави на Фејсбук, ја потврдиле заедничката определба – „стратешкото партнерство во енергетиката сега влегува во фаза на конкретна реализација“. -По потпишувањето на Меморандумот за соработка, во рамки на Стратешкиот дијалог […]

Србија од утре влегува во СЕПА шемата на единствената област за плаќања во евра


Од утре во Србија ќе бидат овозможени плаќања во рамките на шемата СЕПА (SEPA – Single Euro Payments Area) со што ќе се намали сегашната провизија за парични трансакции кон и од Европската Унија. Членството во СЕПА им овозможува и на испраќачот и на примачот на пари да имаат пониски трошоци и побрзо извршување на […]

Повторно раст на цената на нафтата


На меѓународните берзи денеска барел нафта се тргуваше за повеќе од 110 долари поради геополитичките тензии на Блиски Исток. На берзата во Лондон цената на нафта од марката Брент се зголеми за 2,44 долари во однос на петокот и се продаваше за 110,61 долари. На американските берзи цената на нафта се зголеми за 1,38 долари […]

На секои 100 граѓани, речиси 22-ца се сиромашни


На секои 100 граѓани во Македонија, речиси 22-ца живеат под прагот на сиромаштијата, односно стапката на сиромаштијата во 2024 година изнесуваше 21,9 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Со сериозни егзистенцијални предизвици се соочува секое второ семејство во нашата земја, покажаа податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува […]

Горивата поскапуваат од два до 2,5 денари по литар


Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари, а цената на дизелот се зголемува за два денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,47 отсто. Новата максимална малопродажна […]

На повидок мега – зделка: „Гејмстоп“ понуди 56 милијарди долари за „И-беј“


Трговецот на мало со видеоигри „Гејмстоп (GameStop)“ вчера објави понуда за преземање на многу поголемата интернет-продажна платформа „И-беј (eBay)“. – Понудата е вредна околу 56 милијарди долари во готовина и акции… Намерата е да го користиме „И-беј“ за изградба на многу посилен конкурент на „Амазон (Amazon)“. Понудата претставува премија од приближно 20 насто во однос […]

Владата не планира ново намалување на ДДВ за дизелот


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека не се планира нова мерка за намалување на ДДВ-то за дизелот истакнувајќи дека според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) државава е меѓу првите три држави во Европа според аплицирани мерки во однос на БДП. – Граѓаните од соседните држави ја зголемија потрошувачката на бензинските стници во Македонија, во одредни денови за […]

Намален бројот на работниците во индустријата


Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – март 2026 година во однос на периодот јануари – март 2025 се намалил за 3,3 проценти, а во март 2026 во однос на март 2025 година за 2,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во март 2026 година, во однос на март 2025 […]

Мицкоски очекува реализација на проектот „Брза пруга“ на Коридорот 10 на почетокот на следната година


Премиерот Христијан Мицкоски очекува реализацијата на проектот „Брза пруга“ на Коридор 10 да стартува на почетокот на следната година, откако по завршувањето на физибилити студиите ќе се потпише договор со потенцијален финансиер.  – Продолжуваме со реализација на проектот „Брза пруга“ на Коридор 10. Физибилити студијата е веќе при крај, и студијата за влијание врз животнатса […]

Компаниите не смеат да отпуштаат вработени заради ВИ, пресуди кинески суд


Кинескиот суд во Хангџоу донесе пресуда дека компаниите не смеат да отпуштаат вработени само затоа што ги заменуваат системи на вештачка интелигенција. Пресудата е донесена откако една технолошка компанија во источна Кина незаконски отпуштила работник откако тој одбил деградација и намалување на платата поради автоматизација на неговото работно место. „Судот оцени дека аргументите на компанијата […]

Цените на нафтата паднаа откако Трамп најави акција во Ормуз


Цените на суровата нафта паднаа утрово пред отворањето на европските пазари, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон ќе им помогне на бродовите да го напуштат Ормускиот теснец, план што Иран го отфрли. Барел американска референтна нафта (WTI) падна за 0,28 проценти на 101,65 долари, додека цената на Брент, меѓународниот референтен, падна за мали […]

Семејството што го држи „Самсунг“ го плати најголемиот данок на наследство во историјата на Јужна Кореја


Семејството зад јужнокорејскиот корпоративен гигант „Самсунг“ ја заврши исплатата на 12 трилиони вони данок на наследство, околу 8 милијарди долари и најголемата таква исплата во историјата на земјата. Претседателот Ли Џе-јонг и другите членови на семејството, вклучувајќи ја неговата мајка Хонг Ра-хи и сестрите Ли Бу-џин и Ли Сео-хјун, ја платија сумата на шест рати […]

„Луфтханза“ ќе ја суспендира линијата Франкфурт-Скопје во јуни


Луфтханза ја суспендира линијата помеѓу Франкфурт и Скопје за цел јуни. Последниот лет е закажан за 31 мај, а обновувањето се очекува дури од 1 јули, но без потврден распоред. Одлуката доаѓа по бурен април за германскиот авиопревозник, обележан со штрајкови, гасење на подружницата CityLine и масовни откажувања на рутите низ мрежата. Последниот директен лет […]

Германија и ЕУ нема да молчат на зголемувањето на царините за автомобили од страна на Трамп


Германското Министерство за економија вчера објави дека е во контакт со Европската комисија, која е во преговори со Вашингтон, по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги зголеми царините за увоз на автомобили од Европската Унија. „Ќе се координираме тесно во рамките на ЕУ за следните чекори“, се вели во соопштението на Министерството, […]

ОПЕК се согласи на умерено зголемување на производството на нафта по излегувањето на ОАЕ


Виена– Главните земји од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и ОПЕК+ се согласија да ги зголемат квотите за производство за јуни, но како што објавува Блумберг, тоа е скромно и симболично зголемување, наменето да испрати порака за вообичаено работење по ненадејното излегување на Обединетите Арапски Емирати од организацијата. Седум земји, вклучувајќи ги Саудиска […]

Кувајт за првпат по 30 години без извоз на сурова нафта во еден месец


Кувајт – Кувајт во април 2026 година, за првпат по повеќе од три децении, не извезол ниту еден барел сурова нафта поради блокадата на Ормуската Теснина, пренесува специјализираниот сајт за следење на испораките на нафта TankerTrackers.com. Како што се наведува, иако Кувајт и понатаму произведува нафта, која делумно се складира, а делумно се преработува во […]