Амазон го купува Глобалстар за 9,8 милијарди евра за да го засили сателитскиот бизнис


 Технолошкиот гигант Амазон, во сопственост на Џеф Безос, соопшти дека ќе ја купи телекомуникациската компанија Глобалстар за 90 долари по акција, во зделка вредна околу 11,57 милијарди долари, односно приближно 9,81 милијарди евра. „Оваа зделка ќе даде значителен поттик за новиот бизнис на Амазон во областа на сателитски интернет преку ЛЕО (нискоорбитални) сателити, додека компанијата …

Амазон го купува Глобалстар за 9,8 милијарди евра за да го засили сателитскиот бизнис Read More »

Продолжува штрајкот на персоналот на Луфтханза


Франкфурт – Патниците на Луфтханза се соочуваат со дополнителни нарушувања денеска, бидејќи кабинскиот персонал започна нов дводневен штрајк. Околу 20.000 стјуардеси во Луфтханза и нејзината регионална подружница СитиЛајн штрајкуваат од полноќ. Се очекуваше повторно да бидат откажани стотици летови, особено во главните центри на Луфтханза во Франкфурт и Минхен. Луфтханза се соочува со повторливи индустриски штрајкови …

Продолжува штрајкот на персоналот на Луфтханза Read More »

Цените на нафтата паднаа под 96 долари


Цените на нафтата денес паднаа под 96 долари на меѓународните пазари, бидејќи инвеститорите беа уверени од сигналите за нова рунда преговори меѓу Иран и САД што би можеле да ја намалат покачената „температура“ во Ормускиот теснец. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше за 3,67 долари за барел помалку попладне, што е намалување од вчерашното затворање …

Цените на нафтата паднаа под 96 долари Read More »

Колку чини горивото во Иран?


Додека возачите во Европа се загрижени за нови зголемувања на цените на бензинските пумпи, еден литар бензин во Иран чини само симболична сума – околу два и пол центи. Но, зад таа неверојатно ниска цена лежи многу посложена приказна за субвенциите, стандардите и економијата. Додека цените на горивата во Европа остануваат чувствителна тема, Иран сè …

Колку чини горивото во Иран? Read More »

Љутков ќе бара помош од УНЕСКО за дел од Коридорот 8 кон Албанија


Заштитен појас под УНЕСКО е една од главните пречки за реализација на автопатското решение на дел од Коридорот 8 кон Албанија, изјави денеска министерот за култура и туризам  Зоран Љутков, при посетата по повод почетокот на реконструкцијата на улицата „Самарџии“ и уште пет помали краци во Старата скопска чаршија. Љутков најави дека во мај се …

Љутков ќе бара помош од УНЕСКО за дел од Коридорот 8 кон Албанија Read More »

Царината за три месеци наплатила 23,7 милиони евра повеќе во однос на истиот период лани


Во првото тримесечје годинава Царината оствариле за 23,7 милиони евра повеќе приходи во однос на истиот период лани, се пофали денес директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, на одбележувањето на 34 години постоење на институцијата. Од почетокот на мандатот во јули 2024 до 31 март годинава, нивната работа покажала значителни резултати. „Оперативно – спречивме повеќе од …

Царината за три месеци наплатила 23,7 милиони евра повеќе во однос на истиот период лани Read More »

Министерката Димитриеска-Кочоска и гувернерот Славески учествуваат на пролетните средби на ММФ и Светска банка


 Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 18 април престојува во САД, Вашингтон, каде што ќе учествува на пролетните средби на ММФ и Светската банка. За време на престојот, информираат од Министерството за финансии (МФ), Димитриеска-Кочоска ќе оствари средби со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, ќе оствари средби во Трезорот …

Министерката Димитриеска-Кочоска и гувернерот Славески учествуваат на пролетните средби на ММФ и Светска банка Read More »

Продажните цени растеле побавно од набавните, покажа анализата на основните производи во маркетите


Министерството за економија и труд соопштува дека во соработка со Државниот пазарен инспекторат, изработи компаративна анализа на цените на основните прехранбени и непрехранбени производи, која покажува дека во периодот од 1 февруари до 1 април годинава е регистриран минимален пораст на продажните цени, додека дел од притисокот од зголемените набавни цени е апсорбиран од трговците. …

Продажните цени растеле побавно од набавните, покажа анализата на основните производи во маркетите Read More »

Започнува 18. издание на ЛИДЕР Проектот на Македонија2025, мини МБА обука за идни лидери и претприемачи


Денес официјално започнува 18. издание на ЛИДЕР Проектот, мини МБА обука наменета за млади професионалци, идни менаџери и претприемачи од Македонија. Програмата се реализира во организација на Македонија2025, во соработка со престижната бизнис школа „Ричард Ајви“ од Канада, а поддржана од партнерот Кроација Осигурување. Учесници од целата земја и оваа година ќе имаат можност да …

Започнува 18. издание на ЛИДЕР Проектот на Македонија2025, мини МБА обука за идни лидери и претприемачи Read More »

Поевтинуваат горивата: Бензинот за 1,5, а дизелот за 2,5 денари


Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73 проценти, во однос на претходната одлука од 6 април. Според новата пресметка, од ноќеска на полноќ, односно од 00:01 часот, ќе важат нови пониски цени на горивата. Еуросупер БС-95 ќе се продава по 82 денари за литар, …

Поевтинуваат горивата: Бензинот за 1,5, а дизелот за 2,5 денари Read More »

Сопственикот на Лидл има големи планови за мобилната телефонија


Групацијата Шварц (Schwarz Group), сопственик на малопродажните синџири Лидл и Кауфланд, потпиша договор за стекнување на околу 10 проценти од акциите во мобилниот комуникациски оператор 1Global, кој има телекомуникациски лиценци и партнерства во дванаесет земји. Инвестицијата има за цел значително да ги прошири мобилните услуги на Лидл, објави германскиот весник Ханделсблат. Компаниите не ја открија …

Сопственикот на Лидл има големи планови за мобилната телефонија Read More »

Усвоен националниот план за енергија и клима 2025 – 2030, меѓу мерките е и систем за цена на јаглерод


Владата го усвои интегрираниот национален план за енергија и клима 2025 – 2030 – стратешки документ што ја поставува државата на јасна патека кон енергетска трансформација, одржлив развој и целосно усогласување со европските политики. Планот, изработен по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), претставува клучен инструмент за модернизација на енергетскиот сектор …

Усвоен националниот план за енергија и клима 2025 – 2030, меѓу мерките е и систем за цена на јаглерод Read More »

Премиерот Мицкоски најави нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните и намалување на цените на нафтените деривати


Премиерот Христијан Мицкоски денеска очекува да го добие извештајот од страна на институциите, кој треба да се анализира, а потоа од страна на Владата ќе се дадат конкретни мерки со кои ќе се заштити стандардот на граѓаните и да не зголемуваат цените на прехранбените производи. – Очекувам да го добијам извештајот и да го анализираме …

Премиерот Мицкоски најави нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните и намалување на цените на нафтените деривати Read More »

Ацо Ристов ја презеде функцијата претседател на Регулаторната комисија за енергетика


Новоименуваниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ), Ацо Ристов, ја презеде функцијата од Лирим Сулејмани, заменик-претседател на РКЕ. Комисијата соопшти дека на средбата за примопредавање на функцијата нејзините членови го информирале новиот претседател Ристов за тековните активности во секторите за кои …

Ацо Ристов ја презеде функцијата претседател на Регулаторната комисија за енергетика Read More »

Мицкоски: Царинската управа поставува нови стандарди, над 12 милијарди денари приходи во еден месец


Во изминатите 20 месеци Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето постоење. Остварени се највисоки приходи досега, што е јасен показател дека институцијата функционира поефикасно, поорганизирано и со поголема одговорност – нагласи премиерот Христијан Мицкоски на денешниот настан во Филхармонијата по повод одбележувањето 34 години постоење на Царинската управа. – Денеска одбележуваме 34 години …

Мицкоски: Царинската управа поставува нови стандарди, над 12 милијарди денари приходи во еден месец Read More »

ММФ, Светска банка и ИЕА предупредуваат на економските последици од војната на Блискиот Исток


Лидерите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Групацијата на Светска банка (СБ) и Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) предупредија дека војната на Блискиот Исток има силно и нерамномерно влијание врз глобалната економија, особено погодувајќи ги земјите кои зависат од увозот на енергија. Заедничкото соопштение е објавено по состанокот во Вашингтон, одржан во рамките на координативната група …

ММФ, Светска банка и ИЕА предупредуваат на економските последици од војната на Блискиот Исток Read More »

Американскиот министер за енергетика проценува можен продолжен раст на цените на нафтата


Американскиот министер за енергетика, Крис Рајт, изјави дека цените на нафтата најверојатно ќе останат високи и би можеле дополнително да растат се додека не се нормализира поморскиот сообраќај низ Ормуската Теснина. Тој на економскиот форум одржан во Вашингтон рече дека е можно наредните седмици цените на нафтата да достигнат максимум, по што би започнал постепен …

Американскиот министер за енергетика проценува можен продолжен раст на цените на нафтата Read More »

Само 7,8 отсто од вкупните кредити завршува кај компании во сопственост на жени


Во земја во која жените претставуваат половина од економскиот потенцијал, само 7,8% од вкупните кредити завршува кај компании во нивна сопственост. Пристапот до финансии е една од клучните основи за економска независност, развој на претприемништвото и унапредување на родовата еднаквост. Кога жените имаат еднаков пристап до капитал како и мажите, економијата добива поширока база на …

Само 7,8 отсто од вкупните кредити завршува кај компании во сопственост на жени Read More »

ЕУ ги заострува правилата за увоз на челик


Брисел – Европската унија ќе ги заостри правилата за увоз на челик, со цел заштита на домашните производители од зголемената конкуренција на светскиот пазар. Претставници на земјите-членки и на Европскиот парламент доцна синоќа се согласија годишната квота за бесцарински увоз на челик да биде ограничена на 18,3 милиони тони, што претставува намалување од околу 47 …

ЕУ ги заострува правилата за увоз на челик Read More »

Сите компании во Германија ќе можат да им исплатат на своите работници бонус од 1.000 евра


Коалицијата што ја предводи Германија, односно претставниците на партиите ЦДУ/ЦСУ и СПД, по долги преговори се согласија за неколку мерки за да се обидат да ги ублажат последиците од војната во Иран. Министрите од овие две партии долго време се обидуваат да постигнат договор за конкретни мерки што би ги ублажиле последиците од овој конфликт, …

Сите компании во Германија ќе можат да им исплатат на своите работници бонус од 1.000 евра Read More »