Доверителите бараат поделба на „Варта“
Доверителите на германската компанија „Варта“, која се соочува со проблеми, размислуваат да го одвојат својот бизнис за батерии за домаќинства од групацијата и бараат промена во структурата на сопственост, изјавија во четврток инвеститорите вклучени во спасувањето на компанијата.
Група доверители предводени од Дојче банк и инвеститорите „Блубеј“ (RBC BlueBay), Blantyre и „Вајтбокс“ (Whitebox) ги оправдуваат своите барања наведувајќи ја затегнатата финансиска состојба на „Варта“.
„Варта“ одби да коментира за изјавата на доверителите, пренесува СЕЕбиз.
Независна анализа од консултантската компанија ФТИ покажа дека „Варта“ има потреба од средно двоцифрен износ од милиони евра за да ги одржи своите операции.
Дополнително, потребна е значителна капитална инјекција за да се одржат операциите на долг рок.
„Варта“ поднесе барање за правно реструктуирање и постапка за спасување, обидувајќи се да избегне несолвентност.
Процесот заврши во април минатата година, но дури и по интензивни преговори, ниту еден од инвеститорите не се согласи да ги обезбеди потребните пари, изјавија доверителите.
Затоа, доверителите заклучуваат дека одвојувањето и стабилизацијата на секторот за батерии е најреалниот тек на дејствување и најавуваат дека ќе ги остварат своите права според договорот за финансирање на реструктуирањето.
Во изјавата, доверителите наведуваат дека спроведувањето на планот треба да добие одобрение од регулаторот на пазарот.
„Варта“ е компанија која е стара повеќе од 130 години и има седиште во јужна Германија. Покрај батериите за домаќинство, таа произведува микробатерии, системи за складирање на енергија и специјализирани преносни батерии.