Просечната нето-плата во Србија во мај била 1.008 евра, половина од вработените примале до 794 евра


Во Србија, просечната (бруто) плата во мај оваа година изнесувала 163.470 динари (околу 1392 евра, заб.), додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесувала 118.398 динари (околу 1.008 евра), објави Републичкиот завод за статистика (РЗС).

Во споредба со истиот месец од претходната година, просечната бруто плата за мај 2026 година била номинално повисока за 9,8 проценти, а реално за 6,1 процент, додека просечната нето плата била номинално повисока за 9,9 проценти, односно за 6,2 проценти реално, се наведува во соопштението.

Средната нето заработка за мај 2026 година изнесувала 93.277 динари (794 евра), што значи дека 50 проценти од вработените оствариле заработка до наведениот износ.

Растот на бруто платите во периодот јануари-мај 2026 година, во споредба со истиот период минатата година, номинално изнесуваше 11,1 процент, односно реално осум проценти, додека просечната нето плата беше повисока за 11,3 проценти номинално, односно за 8,2 проценти реално, објави РЗС.