Анкета на Народната банка: Расте задоволството од статистичките податоци и услугите


Две одделни анкети за мерењето на задоволството на корисниците спроведени од Народната банка покажуваат дека расте задоволството од квалитетот на статистичките податоци, нивната достапност и навременост и од комуникацијата на централната банка. – Во споредба со анкетите спроведени во 2021 и 2013 година, речиси кај сите оценувани сегменти е забележано подобрување, при што просечните оценки […]

Владината приказна за развоен ребаланс звучи само како убав ПР: Опозицијата со критики за новата буџетска рамка


Кога просечната плата не ја достигнува минималната кошница, Предлог – ребалансот на Буџетот не може да се брани како доказ за стабилност, туку тој станува доказ дека економската политика не успева да го заштити достоинството на трудот, оцени денеска на собраниска седница пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во неговата дискусија по владиниот предлог за ребаланс […]

Намалените акцизи и ДДВ за горивата го чинат Буџетот 26 милиони евра: Дополнетиот ребаланс пред пратениците


Интервенциите на Владатакај акцизите и ДДВ за горивата ќе го чинат Буџетот околу 26 милиони евра, откри денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска елаборирајќи го пред пратениците дополнетиот Предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година. Таа рече дека вкупните приходи се ревидираат повисоко за 1,2 отсто од иницијалните проекции, но дека даночните приходи се намалуваат за […]

Дизелот од утре 98,5 денари, бензините поскапуваат за 3 денари


  Цените на горивата одат забрзано нагоре. Регулаторна комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата кои на сила стапуваат од полноќ. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 4,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за […]

Без фер конкуренција нема одржлив систем за управување со отпадот од пакување, порачува Асоцијација за управување со отпад


Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад при Стопанската комора апелира до институциите да обезбедат доследна примена на законите, еднакви услови за сите учесници на пазарот и заштита на интегритетот на системот за управување со отпадот од пакување. Само стабилна и предвидлива регулаторна средина може да обезбеди континуитет на инвестициите и исполнување на националните […]

Наградна игра за млади со ZIPP картичката од Комерцијална банка


Клиентите на возраст од 18 до 29 години кои се корисници на Zipp Mastercard Debit World картичката од Комерцијална банка, со секоја трансакција учествуваат во Наградната игра ZIPP & WIN и добиваат можност да станат добитници на електричен MATE велосипед или 30.000 денари на нивната Zipp сметка. Во периодот до 10 септември 2026 година, секоја […]

Кои европски земји најмногу ја чувствуваат кризата во Oрмуз?


Пo краткото затишје по договорот меѓу САД и Иран, кризата во Ормускиот теснец повторно предизвика вртоглаво зголемување на цените на нафтата. Пловењето низ клучниот морски пат меѓу Иран и Оман останува исклучително ризично поради неодамнешните напади врз танкери за нафта од страна на Иран и јеменските бунтовници Хути. Иако САД тврдат дека преминот е отворен, […]

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница


Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година, во второ читање, денеска е на дневен ред на 118. седница на Собранието. Претресот по дополнетиот ребаланс на буџетот на седница на Собрание трае најмногу три дена.  Владата минатата недела го усвои дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, со  амандманите […]

Премиерот го објаснува царинскиот режим со САД


Македонија е меѓу државите кои не добија дополнителни царински давачки од Соединетите Американски Држави, но тоа не значи дека тргува без царини со САД, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги информациите поврзани со царинскиот режим на САД кон земјите од регионот. Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека царините […]

Мицкоски: призна: Средствата позајмени од МНАВ, МЕПСО и Лотарија ќе се користат за отплата на кредит


Средствата обезбедени преку краткорочна позајмица од М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и од сопствени извори на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ќе бидат искористени за сервисирање на обврски кон кинеска банка поврзани со изградбата на автопатите, а во текот на август ќе им бидат вратени на компаниите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско […]

Левица: ДПМНЕ утре ќе го гласа ребалансот со кој секој десетти денар е позајмен


Утре, на собраниската седница, власта ќе побара од пратениците да го изгласаат ребалансот на Буџетот за 2026 година – документ со кој расходите се искачуваат на 425,2 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит расте од 39,2 на 46,1 милијарда денари, односно на 4,1% од БДП. За покривање на дефицитот и отплата на обврските се предвидуваат 76,4 […]

Серафимовски: Жетвата на пченицата привршува – следува состанок за цената


Жетвата на пченицата во земјава привршува, а по анализите преку средба со земјоделците и откупувачите ќе се дефинира цената и да се види како да им се помогне на земјоделците. По ребалансот на буџетот на име на субвенции на сите земјоделци треба да им се исплатат околу една милијарда и 200 милиони денари, изјави министерот […]

Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство


Вкупната бруто-произведена електрична енергија во мај 2026 година изнесува 462 653 МWh, што претставува 96.5 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија. Како што информира Државниот завод за статистика, бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 96.5 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за […]

Германскиот индустриски сектор секој месец губи 15.000 работни места


 Индустрискиот сектор во Германија губи околу 15.000 работни места секој месец, предупреди раководителката на Федерацијата на германски индустрии (BDI), Тања Генер. Геополитичките случувања, како што се царинските политики на САД и растечката индустриска доминација на Кина, влијаат врз германската индустрија. Генер во изјава за ДПА предупредува дека ситуацијата во индустрискиот сектор е критична, но оти […]

АХВ на време реагира при појавата на сипаници кај овците


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) попладнево соопшти дека целосно ја разбира загриженоста на одгледувачите на овци, но категорично ги отфрла тврдењата дека институцијата не реагира навремено во однос на појавата на сипаници кај малите преживари.  Како што нагласува, во услови на појава на заразни болести, од клучно значење е сите засегнати страни – институциите, […]

Кина го возврати ударот на ЕУ со најстроги мерки досега


Кина  возврати удар на Европската Унија со воведување ограничувања за извоз на 14 компании од областа на одбраната и технологијата. Ова е директен одговор на одлуката на ЕУ да додаде 14 кинески компании на својата листа на санкции против Русија. Ова е најстрогиот одговор на Пекинг на европските мерки досега, кои кинеската влада ги опиша […]

Сточарите бараат итна вакцинација на овците против сипаници


Сточарите бараат итна вакцинација на овците за да се спречи ширењето на болеста сипаници кај малите преживари. Предупредуваат дека ситуацијата е алармантна и дека не е доволно да се врши само идентификација и утврдување на жариштата, заболените грла и зафатените стада. Тие денеска, на состанок во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), биле информирани дека […]

Лагард очекува Македонија во ноември да се приклучи кон иницијативата за инстант плаќања


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард, на вчерашната конференција за печатот посветена на монетарната политика, одговарајќи на новинарско прашање, го истакна проектот за воспоставување регионална инфраструктура за инстант плаќања на Западен Балкан и го потврди очекуваното приклучување на Северна Македонија кон платформата клонот на ТИПС. Во своето обраќање, претседателката Лагард посочи дека по успешното […]

 Нова опасна фаза од војната ги руши сите ограничувања на пазарот на нафта


Пазарот на нафта се покажа како пркосно отпорен, но таа упорност се соочува со најголемата закана од почетокот на војната со Иран. Извонредните заобиколувања на енергетската индустрија за најголемиот нафтен шок во светот ги изолираа потрошувачите од криза со инфлацијата и прифатливоста на цените. За време на војната, цените на суровата нафта се зголемија непријатно […]

„Развод на векот“: Шефот на јужнокорејски конгломерат мора да ѝ плати 644 милиони долари на поранешната сопруга


Извршниот директор на јужнокорејскиот бизнис гигант SK Group доби судска наредба да ѝ исплати на својата поранешна сопруга 944 милијарди вони (околу 644 милиони долари) во случај што локалните медиуми го нарекоа „развод на векот“. Сумата, која сè уште не е конечна, е помала од 1,38 трилиони вони што извршниот директор Чеј Тае-вон првично требаше […]