Работен состанок во Стопанската комора за мерката „Поддршка за креирање нови работни места“


Во Стопанската комора денеска ќе се одржи работен состанок посветен на промоција на мерката „Поддршка за креирање нови работни места“ – подмерка „Вработување и раст на правни субјекти“, од Оперативниот план за вработување за 2026 година. На состанокот ќе присуствуваат заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески и претставници од Министерството за економија и труд, […]

Буџетски совет на Собранието ќе ја одржи 8. седница


Буџетски совет на Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 8. седница. На дневен ред на седницата е Предлог-одлуката за давање на согласност на Финансискиот и инвестиционен план на Собранискиот канал за 2027 година.

Комисијата на финансирање и буџет расправаше за завршната сметка на Буџетот за 2025 година


Комисијата на финансирање и буџет на денешната седница му предложи на Собранието да ја разгледа завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година. Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски појасни дека бруто-домашниот производ (БДП) во 2025 година остварил реален раст од 3,5% и е во согласност со проекциите на Министерството за финансии. […]

ЈП Морган со рекордна квартална добивка: Инвестициското банкарство на највисоко ниво од 2021 година


Американската банкарска групација ЈП Морган Чејс оствари рекордна добивка од 21,2 милијарди долари, или 7,70 долари по акција, во вториот квартал. Резултатот главно беше придонесен од закрепнувањето на инвестициското банкарство, силниот раст во тргувањето со акции и еднократната капитална добивка од инвестирањето во Виза. Приходите се зголемија во сите клучни деловни сегменти. Приходите од инвестициско […]

Инфлацијата во САД бележи најголем месечен пад од април 2020 година


Растот на потрошувачките цени забави повеќе од очекуваното во јуни – иако од веќе високо ниво – бидејќи возачите најдоа одредено олеснување на бензинските пумпи. Индексот на потрошувачките цени, објавен во вторник, покажа дека инфлацијата паднала за 0,4% на месечно ниво во јуни, што е најголемиот месечен пад од април 2020 година. Годишната инфлација, исто […]

Владата ја усвои стратегијата за борба против измами и заштита на финансиските интереси на ЕУ за периодот 2026 – 2030


Владата на последната седница ја усвои стратегијата за борба против измами и заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјата за периодот 2026 – 2030 година. Како што соопшти Министерството за финансии, стратегијата е подготвена во согласностст со преземените обврски во однос на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА) во рамките на […]

Бакарот станува стратешки ресурс за Европа, Македонија сè уште не го активира својот најголем проект


Европската Унија ја засилува поддршката за домашното производство на критични минерали, оценувајќи дека без нови рударски инвестиции нема да може да ги исполни целите на зелената и индустриската транзиција. Од Euromines предупредуваат дека зависноста од увоз претставува стратешки ризик за европската економија. Македонија, иако располага со значајни резерви на бакар во Иловица, сè уште не […]

Дванаесет сојузни американски држави против спојувањето на Ворнер брос дискавери и Парамаунт скајденс


Група од 12 американски сојузни држави предводени од Калифорнија, вчера започна постапка против спојувањето на Ворнер брос дискавери и Парамаунт скајденс, вредно 81 милијарда долари. „Планираното спојување би ја нарушило конкуренцијата во Холивуд и би довело до отпуштања во американската филмска индустрија, се наведува во тужбата“ Во тек на судската постапка, се очекува договор меѓу […]

АЕТМ: Е-трговијата во Македонија со двоцифрен раст – онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година


Домашната е-трговија продолжува да расте: 156 милиони евра потрошени кај македонските е-продавници во првиот квартал од 2026, се вели во соопштението од АЕТМ, кое се темели на податоците на Народната банка на Македонија.  Според најновите податоци на НБРСМ за трансакции на места на продажба за е-трговија (без трансакциите со електронски пари), во првиот квартал од […]

Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја одржи 74. седница на чиј дневен ред меѓу другото е  Предлогот на завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година.  На дневен ред на седницата се и Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2025 година, […]

Кина тивко купува огромни количини злато


Народната банка на Кина го искористи падот на цените за да купи речиси 15 тони злато, забрзувајќи ги своите подготовки за геополитички превирања. Централната банка на Кина го искористи падот на цените на скапоцените метали на глобалните пазари минатиот месец за да ја направи својата најголема месечна набавка на злато оваа година. Според достапните податоци, […]

Основана Кинеско-македонска стопанска комора


Се отвора ново поглавје во пријателството и економската соработка меѓу Република Македонија и Народна Република Кина. Од денеска и официјлано почнува да функционира Кинеско-македонската стопанска комора, чии основачи се компании од различни сектори: градежништво, енергетиката, туризам, винарство,… Целта на Комората е преку јакнење на деловните врски, да се зголеми извозот на македонски производи на кинескиот […]

Голем скок на цената на дизелот, поскапува за 5,50 денари, а бензините за 1,50


Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемува за 5,50 денари, а на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 зголемуваат за 1,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 4,50 за литар, а Мазутот М-1 НС за 0,938 денари за килограм. Новата цена […]

Зголемен бројот на странски туристи, најмогу се од Турција, Германија, Србија и Бугарија


Во мај годинава, во земјава се евидентирани 131 723 туристи, од кои 106 756 странски, а 24 967 домашни, објави Државниот завод за статистика Бројот на ноќевањата во мај изнесува 236 727, од кои  75.8 % се од странските, а 24.2 % од домашните туристи. Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот […]

УЈП за лани пресметала данок на личен доход од 647 милиони евра, граѓаните пријавиле речиси 10 милијарди евра доход


Заврши годишното оданочување на граѓаните за 2025 година, пријавени се над 612 милијарди денари (речиси 10 милијарди евра, заб.), а вкупно пресметаниот данок на личен доход изнесува 39,8 милијарди денари (647,15 милиони евра, заб.). Управата за јавни приходи денеска соопшти дека во споредба со 2024 година вкупниот пријавен доход во годишните даночни пријави е зголемен […]

Онлајн спортско кладење во Грција: Пазар кој брзо расте


  Грција е земја со длабоко вкоренета спортска култура — фудбалот, кошарката и водното поло се дел од секојдневниот живот на милиони луѓе. Не е изненадувачки, значи, дека грчкиот пазар на онлајн кладење во последните години доживеа вистинска експлозија на раст. Платформи кои работат легално на грчкиот пазар, како Mostbet Greece, ги привлекуваат корисниците со […]

Нафтата нагло поскапе по најновите напади на САД и одговорот на Иран


Цените на нафтата нагло пораснаа, а азиските берзи претежно паднаа по новите воздушни напади на САД врз Иран и одговорот на Иран – објавија американските медиуми. Цената на нафтата на брендот „Брент“ од Северното Море се зголеми за 4,7 проценти, на 79,59 долари за барел, а американската сурова нафта WTI доби 4,8 проценти, на 74,85 […]

ЕУ воведува нови права за патниците во авионскиот сообраќај од 2027 година


Новите правила за правата на патниците во воздушниот сообраќај во Европската Унија денеска се очекува официјално да бидат одобрени од министрите на земјите-членки, со што ќе биде завршена последната процедура пред нивното стапување во сила. Реформите што претходно добија поддршка од Европскиот парламент, треба да почнат да се применуваат во средината на 2027 година и […]

Основање на Кинеско – македонска стопанска комора


Во Скопје денеска ќе биде основана Кинеско-македонската стопанска комора. На настанот, како што најавуваат организаторите предвидено е да се обратат Жаолонг Шао, претседател на Кинеско-македонската стопанска комора и заменик претседателот на Владата за политички систем, Љупчо Димовски. Исто така, на настанот на основање на Комората, ќе се обрати и Хе Бингхуа, економски и трговски советник […]

Николоски: Над 1200 проекти со поддршка на Владата се работат во општините


Во моментов во општините низ Македонија се реализираат околу 1.200 инфраструктурни проекти со поддршка од Владата, а целта е да се подобри локалната инфраструктура што директно го олеснува секојдневниот живот на граѓаните, вели заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Според него, општините со години биле запоставувани, поради што Владата одлучила паралелно со […]