СДСМ: Мицкоски и Николоски се фалат со туѓа работа а единственото што го направија е што изгубија 60 милиони евра
Денеска Мицкоски и Николовски повторно се сликаат на „потпишување договори“ за железничката делница Крива Паланка – Деве Баир, се вели во соопштението на СДСМ.
„Сакаат да прикажат дека тие обезбедиле пари.
Вистината е сосема друга.
Пред три години, Владата на СДСМ и Македонски железници ги обезбедија парите:
ЕБОР – заем
175.000.000 €
EBRD +1
ЕИБ – заем
175.000.000 €
European Investment Bank +1
WBIF – инвестициски грант
149.164.044 €
IPA II – грант
60.765.000 €
Тендерот беше распишан.
Фирмите-изведувачи имаа поднесено понуди
Сѐ беше подготвено за избор на изведувач, потпишување и вовед во работа.
Потоа дојде нова власт, нов министер и нов директор од ВМРО.
Избор на изведувач не беше извршен.
Тендерот пропадна.
Парите стојат на наменска сметка и државата плаќа пенали за неповлечените пари од заем.
Резултат:
Бидејќи 2 години незнаат што со себе
Македонија изгуби 60 милиони евра од европските ИПА фондови кои се дел од финансиската конструкција.
Сега Мицкоски ги вади останатите пари и ги претставуваат како своја „нова инвестиција“.
Ова е класичен модел на оваа власт:
• да се присвојува туѓи резултати
• да се крие сопствениот неуспех
• да се фалат со нешто што самите го упропастија
Единственото што оваа Влада навистина направи со пругата кон Бугарија е да ја блокира и да изгуби 60 милиони евра.
За две години успеаа само во две работи:
да ја задолжат државата со над 2,5 милијарди евра
и да организираат криминални тендери.
Сѐ друго е пропаганда и присвојување туѓа работа“, се вели во соопштението на СДСМ.