Две нови комори станаа членки на ССКМ


Две нови комори се приклучија кон семејството на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ). Со новите членки ЕнергоКом – Стопанска комора на компании од енергетиката и Комората за превенција, заштита од пожари и кризен менаџмент, ССКМ го заокружи процесот на пререгистрација и организациска консолидација, информираат од Комората.

ССКМ, посочуваат, денес обединува вкупно десет комори и три групации, а последното окрупнување претставува значаен чекор во понатамошното јакнење на најголемата деловна мрежа во државата и проширување на секторите што добиваат организирано коморско застапување за поефикасно застапување на интересите на компаниите. Организациското прегрупирање и новиот начин на управување доаѓа по редовното Годишно собрание, одржано кон крајот на јуни 
годинава во Скопје. 

-Сојузот на стопански комори на Македонија продолжува да расте и да ја зајакнува својата мрежа. Визијата за посилен, поконкурентен и подобро организиран коморски систем век е добива конкретна потврда преку проширувањето на семејството на Сојузот. Со приклучувањето на двете нови комори се заокружува процесот, а новата организација овозможува поефикасно секторско организирање, посилно застапување на интересите на компаниите и 
дополнително јакнење на коморскиот систем. Приклучувањето на новите комори е уште една потврда дека сè поголем број компании и професионални здруженија го препознаваат Сојузот на стопански комори на Македонија како кредибилен партнер и силен застапник на интересите на бизнис-заедницата. Во услови на динамични економски промени, 
обединувањето на компаниите во рамки на силен коморски систем е од особено значење за креирање заеднички иницијативи, унапредување на деловната клима и поефикасен институционален дијалог – изјави претседателот на ССКМ, Горан Ѓорѓиевски.

Во овој момент, во состав на ССКМ функционираат следните комори: Агро бизнис комора; ИКТ комора; Комора на сметководители, финансии и даночни советници; Туристичко-угостителска комора; Услужна комора; ЕНЕРГОКОМ – Стопанска комора на компании од енергетиката; Комора на интегрирано приватно здравство; Комора за трговија и дистрибуција; Комора за индустрија и развој; и Комора за превенција, заштита од пожари и кризен менаџмент.
Во рамки на Сојузот активно функционираат и трите групации: Групација за проекти; Групација за игри на среќа; и Групација за стартапи.

Преку својата работа, групациите придонесуваат за развој на нови иницијативи, поттикнување на иновациите и поефикасно застапување на специфичните интереси на компаниите.

Во ССКМ сметаат дека новата организациска поставеност ќе овозможи уште посилно поврзување на компаниите од различни сектори, поголема мег усебна соработка, размена на знаење и искуства, како и поефикасно заедничко 
застапување на интересите на стопанството во земјата и на интернационалните пазари.