„Дизни“ склучи договор со „ТикТок“ што ќе им овозможи на корисниците легално користење исечоци од најпознатите филмови и серии
Американската компанија „Дизни“ склучи договор со платформата „ТикТок“, овозможувајќи им на корисниците легално користење исечоци од најпознатите филмови и серии на „Дизни“ во своите кратки видеоснимки. Овој новитет ќе биде спроведен најпрво во САД, а подоцна и во други држави. Во договорот ќе бидат опфатени стотици наслови и франшизи, како „Марвел, „Војна на ѕвездите“, Пиксар и други.
На платформата „Дизни плус“, компанијата за првпат ќе воведе избрани видеоснимки создадени од фановите. Целта е да го привлече вниманието на публиката, овозможувајќи ѝ да открива нови содржини со различни формати.
Според извршниот директор на Дизни, Џош Д’Амаро, форматот на кратките видеоснимки претставува важен дел од долгорочната стратегија за развој на платформата „Дизни плус“, зголемувајќи го интересот на корисниците.
Благодарение на зголемениот број претплатници, повисоките цени на претплатите и растот на приходите од рекламирање, „Дизни плус“ остварил приход од 5,53 милијарди долари.
На платформата се најдоа филмовите „Приказна за играчките 5“, „Искуства“, во кој се вклучени тематските паркови на Дизни, како и финалните натпревари од НБА и НХЛ лигите, емитувани на телевизиските канали АБЦ и ЕСПН.