Германската индустрија минатата година изгуби 177.000 работни места


Германската индустрија минатата година изгуби 177.000 работни места, според бројките објавени од Федералната агенција за вработување во Нирнберг во среда. Од декември 2025 година, 6,5 милиони луѓе биле формално вработени во производствениот сектор, што претставува речиси една петтина од германската работна сила, соопшти агенцијата. Севкупно, вработеноста во сите сектори на економијата се намалила за 108.000, […]

Сточарите ќе ги добијат субвенциите по ребалансот на буџетот


  Субвенциите за сточарите по грло и премијата за млекото се во рацете на политичарите, од изгласувањето на ребалансот на буџетото зависи дали ќе земат пари за стоката и по други мерки. Со ребалансот на Буџетот се предвидени 1,3 милијарди денари за исплата на субвенции, кои земјоделцоите требаше да ги добијат до 30 јуни, за […]

Азески во Брисел на дебата на највисоко ниво за проширување на ЕУ


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески учествуваше на дебатата за проширување на Европската Унија организирана од Европскиот економско-социјален комитет (ЕЕСК), на која присуствуваа повеќе од 500 претставници на институциите, бизнис-заедницата, социјалните партнери и граѓанското општество од земјите членки на ЕУ и од земјите кандидати, соопштија од Комората. Дебатата организирана на највисоки ниво […]

Во август јавни презентации на студиите за брзата пруга, изградбата почнува на крајот на годината


Одлично се одвива подготовката за изградба на брзата пруга на Коридорот 10, следуваат јавни презентации за студиите по што и изработка на договорите за финансирање и за изведба и презентација на условите за финасирање пред Собранието – информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.  Тој потврди дека рокот за почеток на работите останува […]

„Џонсон Мети“ во Македонија прославува 170 милиони произведени парчиња


Водечката фабрика на Џонсон Мети го прослави производството на својот 170-милионити производ во Скопје, важно достигнување што ја покажува континуираната извонредност на фабриката во текот на 17 години во производството и реалното влијание што го има врз почистиот воздух низ целиот свет, соопштија од компанијата. Ова достигнување е одраз на години континуирано подобрување, тимска работа […]

Гувернерот Славески до студентите практиканти: Вие сте дел од иднината на централното банкарство


Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески ги поздрави студентите практиканти кои почнуваат со практична работа во институцијата посакувајќи им успешен почеток и можност за стекнување нови знаења и практични искуства. Како што информира Кабинетот на Славески, средбата се одржа во Музејот на Народната банка, во годината кога се одбележуваат 80 години централно банкарство – јубилеј […]

Промоција на повикот за учество на македонските компании на ЕКСПО 2027 во Белград


Македонскиот павилјон на ЕКСПО 2027 Белград, во партнерство со Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССКМ) и поддршка од Генералниот секретаријат на Владата, отвора јавен повик за учество на македонските компании во деловната програма на светската изложба ЕКСПО 2027, која ќе се одржи во Белград, Република Србија, од 15 мај до 15 август 2027 година. […]

Седница на Економско-социјалниот совет


Економско-социјалниот совет (ЕСС) денеска треба да одржи седница.  Заменик-министерот за економија Марјан Ристески вчера најави дека ќе бидат разгледувани неколку точки, меѓу кои годишната програма за работата на ЕСС, а Министерството за образование ќе го презентира новиот закон за високо образование.  На дневен ред не се мерките за амортизирање на состојбата со цените на храната […]

Серафимовски ги соопшти цените на грозјето, опозицијата вели ги измешал производната и откупната цена


БИТОЛА – Лозарите денеска ги добија откупните цени на грозјето:  21,8 денари за килограм Вранец и 20 денари за килограм Смедеревка. Ова значи дека годинава цените се повисоки од лани кога доскорешниот министер Цветан Трипуновски во 2025 година рече дека се постигнати рекордни откупни цени и тоа Вранец: 21,3 денари/кг и Смедеревка: 18,9 денари/кг. Денес, […]

Собранието изгласа измени на Законот за Царинската тарифа


Собранието попладнево со 71 гласа „за“ и 11 „против“ го изгласа Законот за изменување на Законот за Царинската тарифа, што се разгледуваше во трето читање, откако  без расправа едногласно усвои амандман на член 2 поднесен од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, со којшто се бришат зборовите  „а ќе започне да се применува од 1 јули […]

Скопје добива нова урбана дестинација: ТРИАНГЛА – хотел, современ шопинг парк и семејни содржини на едно место


Скопје наскоро ќе добие нов мултифункционален урбан комплекс – ТРИАНГЛА, кој на едно место ќе ги обедини современото хотелиерство, шопингот, гастрономијата, семејните содржини и деловните настани. Лоциран во општина Гази Баба, со влез на булеварот „Александар Македонски“, комплексот претставува нов современ концепт на малопродажен парк во источниот дел на Скопје. Инспириран од европските модели на […]

Трамп ќе биде на монетата од еден долар


Вашингтон – Граѓаните на САД наскоро ќе можат да го видат потписот на претседателот Доналд Трамп на своите банкноти, додека неговиот портрет ќе се појави на комеморативна монета. Одлуката покрена прашања за тоа дали го крши федералниот закон што забранува прикажување на живи претседатели на американската валута. Ковачницата на пари на САД издава комеморативни монети […]

Утре седница на ЕСС, мерките за цените на храната и горивата не се на дневен ред


Утре треба да се одржи седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС). На дневен ред не се мерките за амортизирање на состојбата со цените на храната и горивата, сепак, како што рече денеска заменик-министерот за економија Марјан Ристески, не е исклучено за тоа да се разговара. – За утре е предвиден Економско-социјален совет на кој ќе бидат […]

Меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен ќе биде скап проект, вели Николоски


Задоволен сум од досегашната динамика за изградба на меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, а во следна фаза ќе одиме на финансирање, истакна министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски во одговор на пратеничко прашање поставено од пратеничката Рина Ајдари, во врска со најавената изградба на магистралниот пат од Тетово до Призрен. На денешната собраниска […]

Се бара формула како струјата да поевтини од јануари, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се бара формула од јануари идната година цената на струјата да се намали.  „Веќе трета година од мандатот на Владата цената на електричната енергија за граѓаните не само што не е поскапена туку се обидува да се најде формула од јануари да поевтини“, изјави денеска Мицкоски во одговор на […]

Акцизите на дизелот и на бензините најверојатно пак ќе се намалат, вели Мицкоски


Владата останува посветена на политиките во однос на цените на горивата во насока на подобар стандард за граѓаните – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по извршениот увид во активностите за регулација на коритото на Сува Река во општина Сарај.  Осврнувајќи се на новите воени интервенции во Заливот од страната на САД […]

Владините мерки се добродојдени, но меѓу регистрираните невработени ретко има соодветен кадар, се жалат бизнисмените


До петок, 24 јули, ќе трае пријавувањето за мерката „Поддршка за креирање нови работни места“ – подмерка „Вработување и раст на правни субјекти“, од оперативниот план за вработување за 2026 година. Како што рече  заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, по работниот состанок во Стопанската комора, мерката ќе опфати 1.385 активни баратели на работа, […]

Владината потрошувачка кошница е готова, ќе почне да се применува во септември, најави Ристески


Просечната потрошувачка кошничка е веќе изработена, донесена е и прифатена од Економско-социјалниот совет, но се усогласуваат податоците со Државниот завод за статистика. Очекувам, ако се усогласиме, од септември да почнеме да ја применуваме, рече денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески.  Одговорајќи на новинарски прашања по работниот состанок во Стопанската комора, Ристески уште еднаш истакна дека  […]

Владата и натаму анализира дали има неосновано зголемени маржи, ако утврди, ќе преземе мерки


Заменик-министерот за економија Марјан Ристески денеска го повтори ставот на премиерот, дека ако се утврди зголемување на маржите за одредени производи, прво ќе се разговара со субјектите, а потоа, ако се утврди дека покачувањето е неосновано, ќе се преземат мерки. – И годишните податоци од Пазарниот инспекторат ги сублимираме, ги анализираме  заедно со Владата. Ќе […]

Македонија се вклучува во проширувањето на Вертикалниот коридор кон Западен Балкан


Северна Македонија направи значаен чекор кон вклучување во проширениот Вертикален коридор. НОМАГАС АД Скопје, заедно со Transportgas Srbija, за првпат учествуваше во работните разговори на операторите на системите за пренос на природен гас, одржани на 10 јули во Атина, со што Западен Балкан се вклучува во понатамошниот развој на Иницијативата, пишува во денешното соопштение. Од […]