Најголем дел од нафтените деривати Македонија лани ги увезла од Грција


Минатата година Македонија најголемиот дел од нафтените деривати ги увезла од Грција, покажува Годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Извештајот на РКЕ покажува дека трговците на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт лани увезувале од вкупно девет држави.

Најголем дел од увозот, односно 86,71 проценти, бил од Грција. Потоа следуваат Бугарија со 9,28 проценти, Албанија со 2,07 проценти, Србија со 1,45 проценти, Индија со 0,27 проценти и Романија со 0,12 проценти. Мал дел од нафтените деривати бил увезен од други земји.

Во извештајот се наведува и дека во текот на 2025 година набавката и продажбата на нафтени деривати во Македонија ја вршеле 21 лиценцирана компанија за трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт.