Џеф Безос продава акции на Амазон вредни повеќе од 4 милијарди долари


Основачот на Амазон, Џеф Безос, поднесе извештај до регулаторите за планираната продажба на околу 15 милиони акции на компанијата, чија пазарна вредност е приближно 4,1 милијарди долари, јави Си-Ен-Би-Си.

Веста дојде само еден ден откако акциите на Амазон достигнаа рекордно високо ниво, благодарение на подобрите од очекуваните квартални резултати што ја зголемија пазарната вредност на компанијата на повеќе од три милијарди долари.

По поднесувањето, акциите на Амазон паднаа за повеќе од два проценти во раното тргување на Волстрит.

Според доставената документација, станува збор за акции што Безос ги стекнал уште во 1994 година, кога го основал Амазон, а договорот бил извршен преку инвестициската банка Морган Стенли.

Минатата недела, Амазон објави квартални резултати што ги надминаа очекувањата на аналитичарите, благодарение првенствено на силниот раст во неговиот бизнис за cloud computing и растечката побарувачка за услуги базирани на вештачка интелигенција.

Акциите на компанијата со седиште во Сиетл пораснаа за околу 23 проценти од почетокот на годината. Во последниве години, Безос редовно продава помали пакети акции преку однапред дефинирани планови, додека во исто време останува еден од најголемите индивидуални акционери на Амазон.

Во апликацијата исто така се наведува дека донирал повеќе од 220.000 акции на Амазон на добротворни организации во мај.