ЕБРД одобрува зелен финансиски кредит од 4 милиони евра на НЛБ Банка во Северна Македонија
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбедува долгорочен необезбеден кредит до 4 милиони евра на НЛБ Банка во рамките на програмата ГЕФФ 3, Обновлива енергија за станбени објекти (GEFF III REpower Residential) на Западен Балкан. Финансирањето ќе биде достапно во две еднакви транши и ќе поддржи натамошно кредитирање на инвестиции во зелената економија во Северна Македонија.
Средствата ќе се користат за финансирање инвестиции во технологии со висока енергетска ефикасност, решенија за обновлива енергија и станбени згради со високи енергетски перформанси. Целосното финансирање под овој фонд ќе се квалификува како инвестиција во Зелената економска транзиција (Green Economy Transition – GET).

Проектот е дизајниран да го подобри пристапот до зелено финансирање за домаќинствата.
Се очекува финансирањето да генерира годишна заштеда на примарна енергија од повеќе од 7.100 гига џули (GJ) и да ги намали годишните емисии на јаглерод диоксид за околу 636 тони, придонесувајќи за зелената транзиција на Северна Македонија и поддржувајќи пониска потрошувачка на енергија во зградите.
Програмата се надоврзува на долгогодишното партнерство на ЕБОР со НЛБ Банка и ќе биде дополнета со техничка соработка и инвестициско стимулирање поддржано од донаторите. Овие мерки ќе помогнат во зајакнување на зелените кредитни практики, ќе ја промовираат свеста за енергетски ефикасни технологии и ќе го поддржат развојот на зелено одговорно родово финансирање.
ЕБОР е водечки институционален инвеститор во Северна Македонија и до сега има инвестирано повеќе од 3 милијарди евра, во над 217 проекти. Банката го поддржува развојот на конкурентна, инклузивна и зелена економија, промовирајќи одржлив раст на приватниот сектор и регионалната поврзаност.
(Kомерцијален текст)