Стил „Рекет“: Катица Јанева стави точка на својата кариера и на…фустанот


Шефицата  на СЈО во оставка Катица Јанева со аферата „Рекет“ стави точка на својата кариера, можеби и на други кариери, ама и со изборот на комплетот со точкаст принт, остави … кај модната јавност. Вчера, пред медиумите откако даваше исказ во ОЈО во врска со случајот „Рекет“, се појави во елегантен комплет во бело-розова-кафена боја. […]

„Анима Мунди“: Свинската чума не е опасна за луѓето, а Македонија планира масакр


Здружението за заштита на правата на животните „Анима Мунди“ реагира на мерките со кои државата ќе се справува против африканската чума. „Ако сите епидемии се решаваа со убивање, немаше да има живи суштества на планетава. Бараме итно Владата да ги отповика најавените монструозни мерки. Свињската чума не е опасна за луѓето, а само Македонија планира […]

Јанева: Не чувствувам вина за „Рекет“


Не чувствувам вина, истакна специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по петчасовниот распит во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“. На новинарско прашање дали очекува да биде проширена истрагата и на неа, Јанева кажа дека тоа треба да го каже обвинителката што го води случајот. Таа рече и дека не знае дали има инволиварано некој […]

Министрите (не) го чуваат Заев од „Рекет“


Министерот за надворешни работи, Никола Димитров заедно со вицепремиерот Бујар Османи замина во официјална посета на Данска. Пред да одлета за Копенхаген, го прокоментира случајот „Рекет“, и тоа првпат по обелоденувањето на аферата пред пет недели. И тој ја фрли низ вода шефицата на СЈО, Катица Јанева, но напомена дека „можното соучешништво на обвинител во […]

Додека пратениците летуваат: Не само СЈО, чекаат и МРТ, АВМУ…


На преговарачките тимови на власта и на опозицијата им остана уште една седмица да ги приближат ставовите за новиот закон за јавно обвинителство пред да почне собраниската процедура за негово донесување. Новиот закон е ставен на дневен ред на првата пленарна седница по завршувањето на собраниска ферија. Пратениците ќе одмораат и оваа седмица, така што […]

Катица Јанева влезе на распит со адвокат


Специјалната јавна обвинителка дојде на распит во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, во придружба со адвокатот Стеван Павлески. Пред да влезе даде кратка изјава, но не одговори на клучните прашања и не кажа зошто единствено таа доаѓа на распит со адвокат. – Јас сум сѐ уште специјален јавен обвинител. Моите колеги имаат […]

Нема построги мерки за Камчев, времениот пасош уште му важи


Додека аферата за изрекетираните или понудени милиони се повеќе се заплеткува, еден од главните протагонисти, бизнисменот Орце Камчев кој се пожали дека бил рекетиран и сè уште е осомничен за перење пари и проневера на милиони, е слободен граѓанин. Македонскиот и бугарскиот пасош на Камчев се во сеф во Кривичниот суд, но тој има времен […]

Специјалната обвинителка конечно на распит: Дали Јанева ќе стане осомничена?


Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева по еден месец од нејзината оставка и нејзината вмешаност во аферата „Рекет“, утрово конечно ќе се појави во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и ќе се соочи со обвинителката која го води случајот, Вилма Русковска. Јанева ќе дојде во Обвинителството во својство на сведок, а дали ќе […]

Меркел: Вистински обединета Европа ги вклучува и земјите од Западен Балкан


Германија – Европа ќе биде вистински обединета само кога и земјите од Западен Балкан ќе станат членки на Европската унија, порача германската канцеларка Ангела Меркел. Изјавата на германската канцеларка, како што пренесува европското издание на порталот Политико, претставува уште една потврда на посветеноста на Берлин за проширувањето на Европската унија, што е непопуларна идеја меѓу некои […]

Изгаснат пожарот кај Љубен, нов кај Велеполе кон Кондово и Свиларе


Пожар избувна вечерва спроти скопското село Љубин кај местото Велеполе помеѓу селата Кондово и Свиларе. Со пожарот е зафатена борова шума. Противпожарната единица на град Скопје, како што изјави за МИА командирот Владимир Симоновски, на терен интервенира со три возила и 10 пожарникари, а се планира дополнително да биде испратено уште едно возило. – Се […]

Фетаи: Секој предмет на којшто работев е чист


По завршувањето на денешното рочиште за случајот „Титаник 3“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО),  Обвинителката Фатиме Фетеи  за „ТВ21“ изјави дека секој предмет на којшто работела таа е чист. – Секој предмет на којшто работев јас е чист и во ниту еден момент не може да се смета дека е вмешан во нешто криминално или […]

Катица Јанева одлучи, не ги дава Фетаи и Бубевски


Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева донесе одлука, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски нема да бидат изземени од случајот „Титаник 3“, како нејзини полномшници, дознаваме од неофицијални извори од СЈО. Јанева ја донесе оваа одлука откако судот и го испрати барањето на адвокатот Еленко Миланов кој освен изземање на Јанева, како овластен тужител, побара изземање и […]

Одбраната во „Титаник 3“ бара изземање на СЈО


Изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, како и на нејзините ополномоштени обвинители Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски во предметот „Титаник 3“, денеска побара бранителот на обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими, адвокатот Еленко Миланов. Судот по барањето треба се произнесе по паузата. Адвокатот Миланов, барањето за изземање го образложи дека е поради последните случувања […]

Фетаи не го коментира „Рекет“, СЈО продолжува со работа


Пред денешниот почеток на судењето за предметот „Титаник 3“, обвинителката Фатиме Фетаи од Специјалното јавно обвинителство одби да го коментира случајот „Рекет“, што го води Јавното обвинителство за борба против организираниот криминал. – Не би можела да коментирам за тоа. Постапката „Рекет“ ја води друго Обвинителство кое што е надлежно. За тоа навистина не сакам […]

„Рекет“ ќе донесе ново Пржино


Работните тимови на власта и на опозицијата деновиве повторно ќе седнат на маса во обид да ги доближат ставовите за законот за обвинителството предложен од Владата, кој следниот вторник ќе се најде пред пратениците. Еден ден пред распитот на специјалната обвинителка Катица Јанева, која ќе треба да одговара што знае за случајот „Рекет“, позициите на […]

По рампата за македонските компири и медот: Во игра и транзитна такса за косовските камиони


Македонија ќе се обиде преку дијалог да го надмине трговскиот спор со Косово. Ако не оди, во арсеналот ја има и непопуларната мерка – транзитна такса за камионите што носат стока во Косово. Пресметките за брзиот и голем негативен ефект од зафатот од прва треба да му покажат на северниот сосед дека во случајов не […]

Ставен под контрола пожарот кај Пинтија, пријавен нов во Сопиште


Ставен е под контрола пожарот над скопската населба Пинтија, кој избувна денеска. Во пожарот беше зафатена мешана шума на поголема површина. Како што информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, локализиран е и пожарот кај скопското село Мојанце, над Арачиново, а нов пожар е пријавен кај Сопиште. – Во моментов две екипи […]

Пожар над населбата Пинтија, гори мешана шума


Пожар избувна денеска околу 11:30 часот во шумата над скопската населба Пинтија. Зафатена е поголема површина мешана шума. Како што соопштија од Територијалната против пожарна единица на Град Скопје, во гаснењето на пожарот учествуваат три возила со седум пожарникари, а ќе биде испратено уште едно возило. – Шумски пожари има и над селото Долно Блаце […]

Сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Валандово во прекин поради сообраќајка


Сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Валандово, кај селото Костурино од 11 часот е во целосен прекин. Од Авто-мото сојузот посочуваат дека сообраќајот е во прекин поради сообраќајна незгода.