За новото СЈО ќе се гласа на 10 септември


Собраниската седницата на која ќе се гласа за новиот закон за Јавното обвинителство е закажена за десети септември. Според информации од Владата во Комисијата за европски прашања поминале амандманите што веќе биле договорени во работните групи. Нов закон мора да има велат од власта затоа што во ситуација кога има предлог за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева мора да се изнајде ново решеније, бидејќи, според важечкиот закон, таа одлучуваше за сѐ во СЈО. Најуваваниот ветинг за судството евентуално би се спровел по добивањето на датумот за почеток на преговорите со ЕУ, која смета дека законските решенија се во ред но во пракса тие не се спроведуваат. Според информациите следниот вторник ќе има ребаланс на буџетот.

Владејачката партија СДСМ не прифаќа предвремени избори пред самитот на НАТО годинава. Нивниот став е изборите да се одржаат во октомври наредната година.