Општина Аеродром предупредува да не се фрла отров на јавни површини


Фото: Б. Грданоски

Општина Аеродром денеска повторно упати апел да не се фрла отров на јавни површини откако од вчера на социјалните мрежи се појавија информации за такви случаи во оваа општина со кои се загрозува животот и на животните  и на луѓето, а коишто предизвикаа голема вознемиреност и бурни реакции кај жителите.

– Уште еднаш потенцираме дека ваквите материи претставуваат опасност за домашните миленици, бездомните животни и децата што си играат во парковите. Доколку најдете супстанција за која сметате дека е опасна, пријавете директно во полициската станица „Аеродром“ на телефонскиот број 02/2432-362. Исклучително е важно да не допирате ништо и да не ја напуштате локацијата сѐ додека не дојде претставник од полициската станица, се наведува во апелот од Општина Аеродром.